Општини во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Општини на Шведска)
Општини во Шведска. Поретко населените општини на север се значително поголеми.

Општините во Шведска (швед. kommun) се локални административни единици во Шведска. Моментално постојат 290 општини кои влегуваат во 21 округ (län). Општинските управи се одговорни за голем дел од локалниот јавен сектор како училишта, итни служби и планирање на средината.

Формирање[уреди | уреди извор]

Правната основа за општините во Шведска е Законот за локална самоуправа од 1991.[1] Во него се пропишани надлежностите на општините и начинот на работа (на пр. начинот на избирање на општинско собрание). Законот ја пропишува и постапката за поднесување жалби на окружен суд (laglighetsprövning) кога граѓаните сметаат дека локалната управа со нив постапила неправедно.

Општината има законодавно собрание (kommunfullmäktige) кое брои помеѓу 31 и 101 члена кои се бираат на локалните избори од партиските списоци (кои се одржуваат на секое четири години заедно со парламентарните). Потоа собранието од своето членство избира општински извршен комитет (kommunstyrelse). На чело на комитетот стои претседател (kommunstyrelsens ordförande), наречен и „општински комесар“ (kommunalråd).

Поделба[уреди | уреди извор]

Општините се делат месни заедници (församlingar), чиј вкупен број изнесува 2.512. Овие единици традиционално биле црковни парохии, а денес служат за избори и пописи. Многу од нив имаат исти граници, но има и многу што претрпеле измена во границите и спојување во поголеми единици.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Општините по закон ги имаат следниве надлежности:

  • претшколски установи
  • основни и средни училишта
  • социјални услуги
  • старечки домови
  • поддршка на инвалидизирани лица
  • здравство и екологија
  • итни служби (освен полицијата, за која е надлежна владата)
  • урбано планирање
  • комуналии

Покрај ова, многу општини нудат рекреативни активности за млади и станбени услуги.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]