Општина Челопек (Кумановско)
| Месен народен одбор Челопек | |||||
| Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Челопек | ||||
| Составни делови | 1945-1947: Челопек | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на МНО Челопек | 1945 | |||
| - | Укинување на МНО Челопек | 1952 | |||
| Население | |||||
| - | 1948 | 1.534 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | ДФЈ/ФНРЈ | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија
| |||
| - | Округ | Скопски (1945-1947) | |||
| - | Околија | Козјачка (1945-1947) Кумановска (1947-1952) | |||
| Денес во | Општина Старо Нагоричане | ||||
Месен народен одбор Челопек ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. Центар на општината било селото Челопек.
Историја
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Челопек бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, a негово единствено составно населено место било Челопек.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Челопек бил проширен на сметка на укинатиот МНО Алгуња со селата Гулиновац и Алгуња. МНО Челопек тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Челопек не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Челопек бил укинат на сметка на проширената Општина Старо Нагоричане.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Челопек имал 1.534 жители. Од таа бројка, 819 биле Македонци, 577 биле Срби, додека 138 биле Роми.[5]
| Година | 1948 |
|---|---|
| Населено место | жители |
| Алгуња | 725 |
| Гулиновац | |
| Челопек | 809 |
| Вкупно | 1.534 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 28. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 18 септември 2025.
| ||||||||||