Прејди на содржината

Општина Цветово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Цветово (1952-1955)
Месен народен одбор Цветово (1945-1947, 1950-1952)
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1950|
 
1950|
1945–1955 1947|
 
1947|
 
1955|
Главен град/седиште Цветово
Составни делови Елово (1952-1955), Малчиште (1945-1947, 1950-1955), Умово (1950-1955), Цветово (1945-1947, 1950-1955), Црн Врв (1945-1947, 1950-1955)
Историја
 - Основање на МНО Цветово 1945
 - Укинување на МНО Цветово 1947
 - Основање на МНО Цветово 1950
 - Укинување на Општина Цветово 1955
Население
 - 1953 3,704 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Драчевска (1945-1947), Скопска (1950-1955)
Денес во Општина Студеничани

Општина Цветово, именувана и како Месен народен одбор Цветово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947 и 1950-1955 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Цветово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Малчиште, Цветово и Црн Врв.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Цветово бил намален на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Умово кој го добил селото Цветово, и новиот Месен народен одбор Сушица кој ги добил селата Малчиште и Црн Врв.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Цветово бил обновен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговите села Малчиште и Црн Врв, и соседниот и укинат Месен народен одбор Умово со неговите села Умово и Цветово.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Цветово била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Елово.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Цветово била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1953 година, Општина Цветово имала 3,704 жители, односно вкупното население на Елово, Малчиште, Умово, Цветово и Црн Врв.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[6][7]

Народност Вкупно
Македонци 272
Албанци 506
Турци 2,902
Роми 6
Срби 1
Неопределени Југословени 17

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 21 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 21 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 205. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 21 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 102. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 21 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 21 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 21 јуни 2025.
  7. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 21 јуни 2025.