Општина Тетово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 09:52, 23 ноември 2022; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎top: Исправена врска, replaced: Central European Summer Time → Средноевропско летно време, Central European Time → Средноевропско време)
Општина Тетово
Општина
Знаме на Општина ТетовоГрб на Општина Тетово
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеТетово
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникБилал Касами
Површина
 • Вкупна261,89 км2 (101,12 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно84.770
 • Густина320/км2 (840/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+044
Регистарски табличкиTE
Мреж. местоtetova.gov.mk

Општина Тетово (албански: Komuna e Tetovës) — општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Тетово. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, кон поранешната Општина Тетово се припоени општините Џепчиште и Шипковица.

Географија

Тетово се наоѓа на северозападниот дел на Република Македонија, на падините на Шар Планина, односно на Долната Полошка Котлина. Денеска општината Тетово зафаќа простор од 261, 89 км2, а заедно со новосоздадените општини произлезени од неа и кои и до ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1.053 км2.

Тетово се наоѓа на 460 – 500 метри надморска височина и има умереноконтинентална котлинска клима со просечна годишна температура од 11,6 °C.

Климатско – почвените, хидрографските и просторните услови одговараат за развој на земјоделството и сточарството, односно преку поволните температури, погодни почви со висока бонитетна вредност и обилното количество на воден потенцијал се овозможува одгледување на житни, градинарски, овоштарски, фуражни и некои индустриски култури. Во однос на сточарството, истите тие услови одговараат посебно за развој на говедарството и високопланинските пасишта, за предуслов за развој на овчарството.

Реката Пена, бисерот на градот и вечниот предизвик на тетовчани, е најубавиот украс со којшто природата го дарувала ова прекрасно поднебје. На неа се наоѓаат и неколку хидроцентрали, изградени во педесеттите и шеесеттите години на XX век.

Зградата во која е сместен архивот во Тетово, кој е одделение на Државниот архив на Република Македонија.
Карта на општина Тетово со селските атари.
Демографска карта на општина Тетово со селските атари.

Демографија

Гледано од демографски аспект, Општина Тетово е мултиетничка средина со 86.580 граѓани и претставува една од најголемите општини по број на жители во Македонија.[2]

Следува етничкиот состав на населението во општината:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 20.053 23,2
Албанци 60.886 70,3
Турци 1.882 2,2
Роми 2.357 2,7
Власи 13 0,2
Срби 604 0,7
Бошњаци 156 0,2
останати 642 0,7
Вероисповед Вкупно
православни 20.182
муслимани 65.499
католици 91
протестанти 3
останати 805

Според верската припадност над 80% се муслимани а останатите православни христијани.

Етничкиот состав на населението што живее само во градот изнесува 35,07 % Македонци, 54,61 % Албанци, а останатото се други претежно Роми и помалку Срби и Турци.

Јазик Вкупно
македонски 20.470
албански 61.363
турски 2.083
ромски 1.605
влашки 12
српски 390
бошњачки 103
останати 554

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Тетово е Биљал Касами од редовите на БЕСА. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за првпат со мандат од четири години.[3] Советот на општина Тетово е составен од 31 член. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  ДУИ: 10 места
  БЕСА: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  АА: 3 места
  СДСМ: 2 места
  ДПА: 2 места
  Независни: 2 места

Културни и природни знаменитости

Тетово спаѓа меѓу најстарите градови во Македонија, во кој низ историјата се испреплетувале голем број култури засновани врз традицијата на граѓанските општества кои живеат во овие простории. Градот го добива името по легендарниот јунак Тето (Ктето) кој спореед легендата го исчистил местото од змии.

Како најпознати културно споменични наследства се набројуваат: Шарена џамија, Арабати Баба Теќе, Амамот, Стариот мост, Тетовското Кале, Лешочкиот Манастир и др, кои исто така придонесуваат за развојот на туризмот. Во 2001 година, поради воените дејства, Лешочкиот Манастир беше целосно уништен и разурнат, за летото 2005 повторно да се издигне, со помош на Европската Агенција за реконструкција и развој.

Главното место за развој на туризмот го држи туристичкиот центар Попова Шапка и другите природни убавини на Шар Планина, кои се познати по придонесите кон развојот на белиот спорт во земјата па и во светски размери.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Карактеристичен е преминот на Тетово од високоразвиен културен центар на zападна Македонија (што претставувал од средината на XIX век па сè до средината на XX век), во доста пасивен град во поглед на културата (при крајот на XX и почетокот на XI век).

Иако центар на култура практично не постои, Домот на Културата „Иљо Антевски Смок“ на некој начин ги поврзува повеќето културно-општествени манифестации кои се одржуваат во Тетово. Во Тетово постојат три македонски културно-уметнички друштва, едно албанско и едно турско.

Особено познати и признаени се тетовскиот градски женски хор „Менада“ како и детскиот женски хор „Лале“ кои секоја година настапуваат на поголем број домашни и меѓународни натпревари и фестивали, каде имаат освоено повеќе први, втори и трети места, како и Гранд При награди.

Секоја година, во летниот период се одржува хорскиот фестивал „ТЕХО“ на кој настапуваат поголем број на машки, женски и мешани хорови од Македонија и странство.

Иселеништво

Историски фотографии од Тетово

Наводи

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  3. „Заклучок за конечност на резултатите од гласање во вториот изборен круг 29.10.2017 по одлуките на Управниот суд“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски