Прејди на содржината

Општина Страцин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Страцин
(1952-1955)
Месен народен одбор Страцин
(1945-1952)
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1955
 

Главен град/седиште Страцин
Составни делови 1945-1952: Страцин

1952-1955: Димонце, Крилатица, Куклица, Пендак, Страцин, Талашманце и Трновац

Историја
 - Основање на МНО Страцин 1945
 - Преименување во Општина Страцин 1952
 - Укинување на Општина Страцин 1955
Население
 - 1948 1.203 жит.
 - 1953 4.187 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Козјачка (1945-1947)
Кумановска (1947-1955)
Денес во Општина Кратово

Општина Страцин, именувана и како Месен народен одбор Страцин ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година. Центар на општината било селото Страцин.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Страцин бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, a негово единствено составно населено место било селото Страцин.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Страцин останал територијално непроменет. МНО Страцин тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Страцин не претрпел територијални промени.[3]

Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Страцин бил преименуван во Општина Страцин, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Димонце со неговите села Димонце, Куклица и Пендак и на сметка на укинатиот Месен народен одбор Крилатица со неговите села Крилатица, Талашманце и Трновац.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Страцин била укината и еден дел од нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Клечевце која ги добила селата Димонце, Пендак и Страцин, додека проширената Општина Кратово ги добила селата Крилатица, Куклица, Талашманце и Трновац.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Страцин имал 1.203 жители. Од таа бројка, 1.191 бил Македонец, 1 бил Србин, 9 биле Роми, 1 бил Турчин, додека 1 бил Црногорец.[6]

Според пописот од 1953 година, Општина Страцин имала 4.187 жители. Од таа бројка, 4.136 биле Македонци, 17 биле Срби, 6 биле Црногорци, 6 биле Хрвати, 14 биле Роми, 4 биле Турци, 1 бил Албанец, 2 биле неопределени Југословени, додека 1 бил заведен во графата останати Словени.[7][8]

Година 1948 1953
Населено место жители жители
Димонце 399
Крилатица 478
Куклица 532
Пендак 343
Страцин 1.203 1.282
Талашманце 436
Трновац 717
Вкупно 1.203 4.187

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 28. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 234. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 18 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 18 септември 2025.
  7. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 64. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 18 септември 2025.
  8. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 18 септември 2025.