Општина Синѓелиќ
| Општина Асанбегово (1913-193?) Општина Синѓелиќ (193?-1941, 1952-1955) Месен народен одбор Синѓелиќ (1945-1952) | |||||
| Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Асанбегово/Синѓелиќ | ||||
| Составни делови | Арачиново (1952-1955), Асанбегово/Синѓелиќ (1913-1918, 1945-1955), Брњарци (1952-1955), Булачани (1952-1955), Виниче (1952-1955), Грушино (1952-1955), Инџиково (1913-1941, 1945-1955), Маџари/Душановац (1913-1941), Мојанци (1952-1955), Орланци (1952-1955), Рукомија (1913-1918), Стајковци (1913-1941, 1945-1955) Страчинци (1947-1955), Трубарево (1913-1941) Црешево (1952-1955) | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на Општина Синѓелиќ | 1913 | |||
| - | Основање на МНО Синѓелиќ | 1945 | |||
| - | Укинување на Општина Синѓелиќ | 1955 | |||
| Население | |||||
| - | 1913 | 880 жит. | |||
| - | 1921 | 798 жит. | |||
| - | 1931 | 924 жит. | |||
| - | 1948 | 1,892 жит. | |||
| - | 1953 | 6,878 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955) | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија (1945-1955) | |||
| - | Покраина | Јужна Србија (1918-1922) | |||
| - | Бановина | Вардарска (1929-1941) | |||
| - | Округ | Скопски (1913-1922, 1945-1947) | |||
| - | Област | Скопска (1922-1929) | |||
| - | Околија | Скопска Селска (1915-1918), Маџарска (1945-1947), Скопска (1947-1955) | |||
| - | Срез | Скопски (1913-1915, 1918-1941) | |||
| Денес во | Општина Арачиново, Општина Гази Баба | ||||
Општина Синѓелиќ, именувана и како Општина Асанбегово и Месен народен одбор Синѓелиќ ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Асанбегово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Асанбегово, Инџиково, Маџари, Рукомија, Стајковци и Трубарево. Општината била дел од Скопски Срез, Скопски Округ.[1]
1915-1918
[уреди | уреди извор]Општина Асанбегово продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Асанбегово (подоцна под името Општина Синѓелиќ) продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Асанбегово/Синѓелиќ, Душановац, Инџиково, Стајковци и Трубарево.[3][4][5]
1945-1955
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Синѓелиќ бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Инџиково, Синѓелиќ и Стајковци.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Синѓелиќ го добил селото Страчинци, на сметка на намалениот МНО Арачиново. Истовремено, МНО Синѓелиќ припаднал под новата Скопска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Синѓелиќ останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Синѓелиќ ги добила селата Арачиново, Брњарци, Мојанци, Орланци, на сметка на укинатиот МНО Арачиново. Истовремено, Општина Синѓелиќ ги добила селата Булачани, Виниче и Црешево, на сметка на укинатиот МНО Црешево. Тогаш, општината го добила селото Грушино, на сметка на укинатиот МНО Мршевци.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Синѓелиќ била укината на сметка на новата Општина Саат Кула која ги добила селата Арачиново, Брњарци, Инџиково, Мојанци, Орланци, Синѓелиќ, Стајковци и Страчинци, на сметка на обновената Општина Бутел која ги добила селата Булачани и Црешево (и Виниче), како и на сметка на проширената Општина Петровец која го добила селото Грушино.[10]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1913 година, Општина Асанбегово имала 880 жители, односно вкупното население на Асанбегово, Инџиково, Маџари, Рукомија, Стајковци и Трубарево.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Асанбегово имала 798 жители. Според верската припадност, 532 биле православни, додека 265 биле муслимани. Според јазичната припадност, 673 биле Срби/Хрвати, 66 биле Албанци, 19 биле Турци, 1 бил Чехословак, додека 39 лица припаднале во графата „останати и непознато“.[11][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Синѓелиќ имала 924 жители, од кои 481 биле мажи, а 443 биле жени. Општината се состоела од 137 куќи и 162 домаќинства.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Синѓелиќ имал 1,892 жители, односно вкупното население на Инџиково, Синѓелиќ, Стајковци и Страчинци. Од таа бројка, 737 биле Македонци, 773 биле Албанци, 160 биле Роми, 129 биле Срби, 79 биле Турци, 6 биле Црногорци, 5 биле Бугари, 2 биле Хрвати, додека 1 бил Унгарец.[13]
Според пописот од 1953 година, Општина Катланово имала 6,878 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Виниче, Грушино, Инџиково, Мојанци, Орланци, Синѓелиќ, Стајковци, Страчинци и Црешево. Од таа бројка, 3,656 биле Македонци, 1,851 биле Турци, 956 биле Албанци, 237 биле Роми, 116 биле Срби, 6 биле Црногорци, 1 бил Хрват, 18 биле непределени Југословени, 8 биле останати Словени, додека 29 лица припаднале во графатата останати несловени.[14][15]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 130. Посетено на 11 ноември 2025.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 91. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 12 октомври 2025.
- ↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 48, 146, 197, 434, 474. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=(help) - ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 6, 256, 294, 658, 703.
- ↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 11 (169), 389 (547), 455 (613).
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 11 ноември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 4 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 205. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 11 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 11 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236, 237. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 11 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 114-115. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 11 ноември 2025.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 4 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 11 ноември 2025.
- ↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 11 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 11 ноември 2025.
| ||||||||||