Прејди на содржината

Општина Ракотинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Ракотинци (1913-1941, 1952-1965)
Месен народен одбор Ракотинци (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР/СР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ
1913–1965
Главен град/седиште Ракотинци
Составни делови Барово (1952-1965), Варвара (1913-1941, 1945-1947, 1950-1965),[б 1] Говрлево (1952-1965), Горно Соње (1913-1941, 1952-1965), Добри Дол (1913-1941, 1945-1965), Долно Соње (1913-1941, 1952-1965), Држилово (1955-1965), Елово (1955-1965), Јаболци (1955-1965), Малчиште (1955-1965), Маркова Сушица (1913-1941, 1945-1947, 1950-1965), Нова Брезница (1955-1965), Осинчани (1955-1965), Патишка Река (1955-1965), Ракотинци (1913-1941, 1945-1965), Света Петка (1952-1965), Сопиште (1913-1941, 1947-1965), Умово (1955-1965), Усје (1952-1955), Цветово (1955-1965), Црн Врв (1955-1965), Чифлик (1952-1965),
Историја
 - Основање на Општина Ракотинци 1913
 - Основање на МНО Ракотинци 1945
 - Укинување на Општина Ракотинци 1965
Население
 - 1913 2,346 жит.
 - 1921 2,294 
 - 1931 2,687 
 - 1948 1,061 
 - 1953
1961
5,176
9,506 
Управни единици Држава: Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ (1945-1965)

Република: ДФ/НР/СР Македонија (1945-1965)
Бановина: Вардарска (1929-1941)
Покраина: Јужна Србија (1918-1922)
Округ: Скопски (1913-1922, 1945-1947)
Област: Скопска (1922-1929)
Срез: Скопски (1913-1915, 1918-1941)
Околија: Скопска Селска (1915-1918), Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1965)

Денес во Општина Сопиште, Општина Студеничани

Општина Ракотинци, именувана и како Месен народен одбор Ракотинци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1965 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Ракотинци за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]

Општина Ракотинци продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

[уреди | уреди извор]

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Ракотинци продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица.[3][4][5]

Месниот народен одбор Ракотинци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Добри Дол, Ракотинци и Сушица.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Ракотинци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сопиште со неговото село Сопиште. Истовремено, МНО Ракотинци ја загубил Сушица, на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Ракотинци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Маркова Сушица.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Ракотинци била проширена на сметка на укинатиот Месен народен одбор Долно Соње со неговите села Барово, Говрлево, Горно Соње, Долно Соње, Света Петка и Чифлик. Истовремено, Општина Ракотинци го добила селото Усје кое дотогаш припаѓало на Општина Драчево.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Ракотинци била проширена на сметка на укинатата Општина Јаболци со нејзините села Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река. Тогаш, Општина Ракотинци била проширена и со територијата на укинатата Општина Цветово со нејзините населени места Елово, Малчиште, Умово, Цветово, и Црн Врв. Истовремено, Општина Ракотинци го изгубила селото Усје, на сметка на Општина Кисела Вода.[10] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Ракотинци била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Кисела Вода.[11]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1913 година, Општина Ракотинци имала 2,346 жители, односно вкупното население на Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Ракотинци имала 2,294 жители. Според верската припадност, 2,277 биле православни, додека 17 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,277 биле Срби/Хрвати, 16 биле Албанци, додека 1 бил Турчин.[12][б 2]

Според пописот од 1931 година, Општина Ракотинци имала 2,687 жители, од кои 1,398 биле мажи, а 1,289 биле жени. Општината се состоела од 319 куќи и 322 домаќинства.[13]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Ракотинци имал 1,601 жител, односно вкупното население на Добри Дол, Ракотинци и Сопиште.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[14]

Народност Вкупно
Македонци 1,582
Роми 18
Црногорци 1

Според пописот од 1953 година, Општина Ракотинци имала 5,176 жители, односно вкупното население на Барово, Варвара, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Усје и Чифлик.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[15][16]

Народност Вкупно
Македонци 4,226
Албанци 51
Турци 827
Роми 41
Срби 20
Хрвати 3
Црногорци 2
Неопределени Југословени 2
Останати Словени 4

Според пописот од 1961 година, Општина Ракотинци имала 9,506 жители, односно вкупното население на Барово, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Држилово, Елово, Јаболци, Малчиште, Нова Брезница, Осинчани, Патишка Река, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Умово, Цветово, Црн Врв и Чифлик.

Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[17]

Народност Вкупно
Македонци 5,463
Албанци 1,256
Роми 28
Срби 37
Муслимани 2
Словенци 1
Црногорци 2
Југословени 6
Останати 2,711

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Во административната поделба од 1945, 1947, 1950, 1955 година, Варвара не било спомнато како населено место, односно само неговиот атар како територија припаѓал на МНО/Општина Ракотинци.
  2. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
  1. 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 133. Посетено на 19 јуни 2025.
  2. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 93. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 8 октомври 2025.
  3. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 120, 125, 172, 385, 423, 442, 482. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  4. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 163, 202, 229, 582, 651, 682.
  5. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 136 (294), 258 (416), 318 (476), 349 (507).
  6. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 19 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 19 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 205. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 19 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 19 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. „Закон за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 25 јануари 1965: 21. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 19 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  12. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 116-117. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 3 септември 2025.
  13. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 28 јуни 2025.
  14. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 19 јуни 2025.
  15. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 19 јуни 2025.
  16. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 19 јуни 2025.
  17. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1961“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 19 јуни 2025.