Општина Пелинце
| Општина Пелинце (1913-1941) Месен народен одбор Пелинце (1945-1952) | |||||
| Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Пелинце | ||||
| Составни делови | 1913-1915: Алгуња, Враготурце, Врачевце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово 1915-1918: Алгуња, Враготурце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово 1918-1941: Алгуња, Враготурце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово 1945-1952: Враготурце и Пелинце | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на Општина Пелинце | 1913 | |||
| - | Основање на МНО Пелинце | 1945 | |||
| - | Укинување на МНО Пелинце | 1952 | |||
| Население | |||||
| - | 1913 | 1.508 жит. | |||
| - | 1921 | 1.627 жит. | |||
| - | 1931 | 1.874 жит. | |||
| - | 1948 | 906 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | Кралство Србија (1913-1915) Царство Бугарија (1915-1918) Кралство Југославија (1918-1941) ДФЈ/ФНРЈ (1945-1952) | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија (1945-1952) | |||
| - | Покраина | Јужна Србија (1918-1922) | |||
| - | Бановина | Вардарска (1929-1941) | |||
| - | Округ | Кумановски (1913-1922) Скопски (1945-1947) | |||
| - | Област | Скопска (1922-1929) | |||
| - | Околија | Кумановска (1915-1918, 1947-1952) Козјачка (1945-1947) | |||
| - | Срез | Жеглиговски (1913-1915, 1918-1941) | |||
| Денес во | Општина Старо Нагоричане, Општина Прешево | ||||
Општина Пелинце, именувана и како Месен народен одбор Пелинце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1952 година. Центар на општината било селото Пелинце.
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Пелинце за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Алгуња, Враготурце, Врачевце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[1]
1915-1918
[уреди | уреди извор]Општина Пелинце продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината ги изгубила селата Врачевце и Карловце, на сметка на проширената Општина Жегљане и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Пелинце продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, а почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Алгуња, Враготурце, Карловце, Љаник, Орваница, Пелинце, Свињиште, Себрат и Узово.[3][4][5]
1945-1952
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Пелинце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Враготурце и Пелинце.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Пелинце не претрпел територијално промени. Истовремено, МНО Орах припаднал под проширената Кумановска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Пелинце останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Пелинце бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Жегљане.[9]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1913 година, Општина Пелинце имала 1.508 жители.[1] Според пописот од 1921 година, Општина Пелинце имала 1.624 жители. Според верската припадност, 1.596 биле православни, додека 36 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1.572 биле Срби/Хрвати, 16 биле Власи, додека 36 припаднале во графата останати.[10][б 1] Според пописот од 1931 година, Општина Пелинце имала 1.874 жители, од кои 945 биле мажи, а 929 биле жени. Општината се состоела од 258 куќи и 261 домаќинствo.[11]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Пелинце имал 906 жители. Од таа бројка, 843 биле Македонци, 46 биле Срби, 16 биле Турци, додека 1 бил Ром.[12]
| Година | 1913 | 1921 | 1931 | 1948 |
|---|---|---|---|---|
| Населено место | жители | жители | жители | жители |
| Алгуња | непознато | ~450 | — | |
| Враготурце | ~150 | 175 | ||
| Врачевце | непознато | — | — | — |
| Карловце | непознато | ~25-50 | — | |
| Љаник (денес во |
непознато | — | ||
| Орваница | — | |||
| Пелинце | непознато | ~600 | 731 | |
| Свињиште (денес во |
непознато | — | ||
| Себрат | непознато | ~250 | — | |
| Узово (денес во |
непознато | — | ||
| Вкупно | 1.508 | 1.624 | 1.874 | 906 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 70-71. Посетено на 8 септември 2025.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 31-32. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 14 октомври 2025.
- ↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 46, 219, 274, 327, 339, 407, 448, 480, 499. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=(help) - ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VII, 2, 110, 322, 404, 507, 624.
- ↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 4 (162), 182 (340), 504 (662).
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 27. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 100-101. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 8 септември 2025.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 107. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 8 септември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 8 септември 2025.
| ||||||||||