Прејди на содржината

Општина Орах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Орах
(1913-1941)
Месен народен одбор Орах
(1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1913–1952
Главен град/седиште Орах
Составни делови 1913-1941: Дренок, Орах и Руѓинце

1945-1947: Орах

1947-1952: Орах и Руѓинце

Историја
 - Основање на Општина Орах 1913
 - Основање на МНО Орах 1945
 - Укинување на МНО Орах 1952
Население
 - 1913 1.832 жит.
 - 1921 1.624 жит.
 - 1931 1.799 жит.
 - 1948 1.308 жит.
Управни единици
 - Држава Кралство Србија (1913-1915)
Царство Бугарија (1915-1918)
Кралство Југославија (1918-1941)
ДФЈ/ФНРЈ (1945-1952)
 - Република ДФ/НР Македонија (1945-1952)
 - Покраина Јужна Србија (1918-1922)
 - Бановина Вардарска (1929-1941)
 - Округ Кумановски (1913-1922)
Скопски (1945-1947)
 - Област Скопска (1922-1929)
 - Околија Кумановска (1915-1918, 1947-1952)
Козјачка (1945-1947)
 - Срез Жеглиговски (1913-1915, 1918-1941)
Денес во Општина Старо Нагоричане

Општина Орах, именувана и како Месен народен одбор Орах ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1952 година. Центар на општината било селото Орах.

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Орах за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Дренок, Орах и Руѓинце. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[1]

Општина Орах продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

[уреди | уреди извор]

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Орах продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, а почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Дренок, Орах и Руѓинце.[3][4][5]

Месниот народен одбор Орах бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негово единствено составно населено место било Орах.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Орах бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Руѓинце со неговото село Руѓинце. Истовремено, МНО Орах припаднал под проширената Кумановска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Орах останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Орах била укинат на сметка на соседната и проширена Општина Облавце.[9]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1913 година, Општина Орах имала 1.832 жители.[1] Според пописот од 1921 година, Општина Орах имала 1.624 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[10][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Орах имала 1.799 жители, од кои 914 биле мажи, а 885 биле жени. Општината се состоела од 248 куќи и 250 домаќинства.[11] Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Орах имал 1.637 жители. Од таа бројка, 1,300 биле Македонци, додека 8 биле Срби.[12]

Година 1913 1921 1931 1948
Населено место жители жители жители жители
Дренок 755 непознато ~700
Орах 615 ~650 696
Руѓинце 437 ~450 612
Вкупно 1.832 1.624 1.799 1.637

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
  1. 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 70. Посетено на 8 септември 2025.
  2. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 30. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 13 октомври 2025.
  3. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 139, 324, 402. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  4. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VII, 246, 487, 604.
  5. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 371 (529).
  6. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 27. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 100-101. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 8 септември 2025.
  11. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 107. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 8 септември 2025.
  12. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 8 септември 2025.