Прејди на содржината

Општина Никуљане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месен народен одбор Никуљане
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1950
Главен град/седиште Никуљане
Составни делови Никуљане и Сушево
Историја
 - Основање на МНО Никуљане 1945
 - Укинување на МНО Никуљане 1950
Население
 - 1948 1.170 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Козјачка (1945-1947)
Кумановска (1947-1950)
Денес во Општина Старо Нагоричане

Месен народен одбор Никуљане ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година. Центар на општината било селото Никуљане.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Никуљане бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Никуљане и Сушево.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане не претрпел територијални промени. МНО Никуљане тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Четирце.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Никуљане имал 1.170 жители. Од таа бројка, 77 биле Македонци, додека 1,093 биле Срби.[4]

Година 1948
Населено место жители
Никуљане 885
Сушево 285
Вкупно 1.170

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 27. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 8 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 8 септември 2025.