Прејди на содржината

Општина Миладиновци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месен народен
одбор Миладиновци
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1950
 

Главен град/седиште Миладиновци
Составни делови Бујковци, Миладиновци
Историја
 - Основање на МНО Миладиновци 1945
 - Укинување на МНО Миладиновци 1950
Население
 - 1948 1,103 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Маџарска (1945-1947), Скопска (1947-1950)
Денес во Општина Илинден

Месен народен одбор Миладиновци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Миладиновци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Бујковци и Миладиновци.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Миладиновци останал територијално непроменет. МНО Миладиновци тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Миладиновци бил укинат на сметка на обновениот МНО Бунарџик кој го добил селото Миладиновци, како и на сметка на проширениот МНО Мршевци кој го добил селото Бујковци.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Миладиновци имал 1,103 жители, односно вкупното население на Бујковци и Миладиновци. Од таа бројка, 882 биле Македонци, 58 биле Срби, 29 биле Албанци, 92 биле Роми, 38 биле Турци, 3 биле Црногорци, додека 1 бил Хрват.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 6 ноември 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 6 ноември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204, 205. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 6 ноември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 6 ноември 2025.