Општина Кратово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кратово

Map of Kratovo Municipality.svg

Знаме на Општина Кратово Грб на Општина Кратово
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Кратово
Површина 375,44 км²
Демографија
Население 10.441 жит.
- проценка од 30.06.2014 9.591[1] жит.
Густина 27,81 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Мите Андоновски
Совет 15 члена
Контактни податоци
Седиште Градски Плоштад б.б. 1360 Кратово
Телефон 031 481-119, 031 481-202
Факс 031 481-335, 031 481-667
Мреж. место Службен портал
Карта на Општина Кратово со селските атари.
Демографска карта на Општина Кратово со селските атари.

Кратово — општина во северниот дел на североисточна Македонија со административен центар во грдот Кратово. Лежи на изгаснати вулкански купи (кратери) од каде е и добиено името. Во општината се наоѓа и праисториската вселенска опсерваторија Кокино (од неолитот) и неколку антички рудници за злато од Римскиот период. Градоначалник на општината е Мите Андоновски.

Географиja

Историja

Кратово историски е значајно рударско место, низ кое поминале голем број на освојувачки војски.

Економија

Демографија

Седиште на општината е градот Кратово.

Во општината живеат 10 441 жители од кои :

10 231 (97,99%) се Македонци

151 (1,45%) се Роми

33 (0,32%) се Срби

8 (0,08%) се Турци

1 (0,01%) се Власи

17 (0,16%) се други националности.

Во општината не живеат Албанци и Бошњаци.


Општина Кратово зазема подрачје од 375,44 км2 и има густина на населеност од 27,81 жит./км2.

Во состав на општината влегуваат и 30 села: Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово и Шопско Рударе.

Општествени институции

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски