Општина Катланово
| Општина Катланово (1913-1941, 1952-1955) Месен народен одбор Катланово (1945-1952) | |||||
| Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Катланово | ||||
| Составни делови | Бадар (1945-1955), Блаце (1945-1955), Брезица (1913-1941, 1950-1955), Градманци (1913-1941, 1950-1955), Катланово (1913-1941, 1945-1955), Кожле (1945-1955), Крушје (1913-1941, 1950-1952), Летевци (1913-1941, 1950-1955) и Таор (1913-1941) | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на Општина Катланово | 1913 | |||
| - | Основање на МНО Катланово | 1945 | |||
| - | Укинување на Општина Катланово | 1955 | |||
| Население | |||||
| - | 1913 | 1,152 жит. | |||
| - | 1921 | 864 жит. | |||
| - | 1931 | 2,111 жит. | |||
| - | 1948 | 1,542 жит. | |||
| - | 1953 | 2,087 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955) | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија (1945-1955) | |||
| - | Покраина | Јужна Србија (1918-1922) | |||
| - | Бановина | Вардарска (1929-1941) | |||
| - | Округ | Скопски (1913-1922, 1945-1947) | |||
| - | Област | Скопска (1922-1929) | |||
| - | Околија | Скопска Селска (1915-1918), Маџарска (1945-1947), Скопска (1947-1955) | |||
| - | Срез | Скопски (1913-1915, 1918-1941) | |||
| Денес во | Општина Велес, Општина Петровец | ||||
Општина Катланово, именувана и како Месен народен одбор Катланово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Катланово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]
1915-1918
[уреди | уреди извор]Општина Катланово продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Катланово продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор.[3][4][5]
1945-1955
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Катланово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Бадар, Блаце, Катланово и Кожле.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Катланово останал територијално непроменет. Истовремено, МНО Катланово припаднал под новата Скопска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Катланово бил проширен со селата Брезица, Градманци, Крушје и Летевци, на сметка на укинатиот МНО Брезица.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Катланово го загубила селото Крушје на сметка на проширената Општина Иванковци.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Катланово била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Петровец.[10]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1913 година, Општина Катланово имала 1,152 жители, односно вкупното население на Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Катланово имала 864 жители. Според верската припадност, 682 биле православни, додека 182 биле муслимани. Според јазичната припадност, 685 биле Срби/Хрвати, додека 179 биле Турци.[11][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Катланово имала 2,111 жители, од кои 1,160 биле мажи, а 951 биле жени. Општината се состоела од 263 куќи и 279 домаќинства.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Катланово имал 1,542 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Катланово и Кожле. Од таа бројка, 1,373 биле Македонци, 77 биле Албанци, 79 биле Роми, 4 биле Црногорци, 2 биле Срби, 1 бил Хрват, 1 бил неопределен муслиман, 1 бил Турчин, 1 бил Унгарец, 2 биле Германци, додека 1 припаднал во графата „останати и непознато“.[13]
Според пописот од 1953 година, Општина Катланово имала 2,087 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Катланово, Кожле и Летевци. Од таа бројка, 1,883 биле Македонци, 95 биле Албанци, 56 биле Роми, 35 биле Срби, 10 биле Црногорци, 4 биле Турци, 1 бил Хрват, 1 бил непределен Југословен, 2 биле останати Словени.[14][15]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 133. Посетено на 4 ноември 2025.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 93. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 12 октомври 2025.
- ↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 82, 181, 220, 248, 262. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=(help) - ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 54, 180, 323, 366, 385, 683.
- ↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 99 (257), 280 (438), 505 (663).
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 4 ноември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 4 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 4 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101, 102. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 4 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 4 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 116-117. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 4 ноември 2025.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 4 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 4 ноември 2025.
- ↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 4 ноември 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 4 ноември 2025.
| ||||||||||