Општина Кадино
| Месен народен одбор Кадино | |||||
| Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Кадино | ||||
| Составни делови | Идризово (1945-1952), Јурумлери (1950-1952), Кадино (1945-1952), Мралино (1945-1952), Трубарево (1950-1952), | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на МНО Кадино | 1945 | |||
| - | Укинување на МНО Кадино | 1952 | |||
| Население | |||||
| - | 1948 | 1,501 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | ДФЈ/ФНРЈ | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија
| |||
| - | Округ | Скопски (1945-1947) | |||
| - | Околија | Маџарска (1945-1947), Скопска (1947-1952) | |||
| Денес во | Општина Гази Баба, Општина Илинден | ||||
Месен народен одбор Кадино ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Кадино бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Идризово, Кадино и Мралино.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кадино останал територијално непроменет. МНО Кадино тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кадино бил проширен со селата Јурумлери и Трубарево, на сметка на укинатиот МНО Маџари.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Кадино бил укинат на сметка на проширената Општина Петровец која ги добила селата Идризово, Јурумлери, Кадино и Мралино, како и на сметка на проширениот Град Скопје кој го добил Трубарево.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Кадино имал 1,501 жител, односно вкупното население на Идризово, Кадино и Мралино. Од таа бројка, 1,047 биле Македонци, 214 биле Срби, 127 биле Албанци, 95 биле Турци, 4 биле Хрвати, 1 бил Црногорец, додека 1 бил Романец.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 ноември 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 2 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 94, 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 ноември 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 2 ноември 2025.
| ||||||||||