Прејди на содржината

Општина Горно Количани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Горно Количани (1913-1941, 1952-1955)
Месен народен одбор Горно Количани (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1913–1955
Главен град/седиште Горно Количани
Составни делови Алдинци (1913-1941, 1950-1955), Горно Количани (1913-1941, 1945-1955), Долно Количани (1913-1941, 1950-1955), Драчевица (1913-1941, 1947-1955), Калдирец (1945-1955), Пагаруша (1913-1941, 1950-1955), Умово (1918-1941) и Црвена Вода (1913-1941, 1945-1955)
Историја
 - Основање на Општина Горно Количани 1913
 - Основање на МНО Горно Количани 1945
 - Укинување на Општина Горно Количани 1955
Население
 - 1913 2,896 жит.
 - 1921 2,559 жит.
 - 1931 3,538 жит.
 - 1948 1,861 жит.
 - 1953 3,753 жит.
Управни единици
 - Држава Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955)
 - Република ДФ/НР Македонија (1945-1955)
 - Покраина Јужна Србија (1918-1922)
 - Бановина Вардарска (1929-1941)
 - Округ Скопски (1913-1922, 1945-1947)
 - Област Скопска (1922-1929)
 - Околија Скопска Селска (1915-1918), Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1955)
 - Срез Скопски (1913-1915, 1918-1941)
Денес во Општина Студеничани

Општина Горно Количани, именувана и како Месен народен одбор Горно Количани ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Горно Количани за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша и Црвена Вода. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]

Општина Горно Количани продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

[уреди | уреди извор]

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Горно Количани продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша, Умово и Црвена Вода.[3][4][5]

Месниот народен одбор Горно Количани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Горно Количани, Калдирец, и Црвена Вода.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Драчевица со неговото село Драчевица.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Долно Количани со неговите села Алдинци, Долно Количани, и Пагаруша.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Горно Количани продолжила да постои и да ги опфаќа истите седум населени места.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Горно Количани била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Драчево.[10]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1913 година, Општина Ракотинци имала 2,896 жители, односно вкупното население на Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша и Црвена Вода.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Горно Количани имала 2,559 жители. Според верската припадност, 17 биле православни, додека 2,542 биле муслимани. Според јазичната припадност, 17 биле Срби/Хрвати, 1,414 биле Албанци, 1,111 биле Турци, додека 17 биле останато и непознато.[11][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Горно Количани имала 3,538 жители, од кои 1,762 биле мажи, а 1,776 биле жени. Општината се состоела од 579 куќи и 579 домаќинства.[12]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Горно Количани имал 1,861 жител, односно вкупното население на Горно Количани, Драчевица, Калдирец, и Црвена Вода. Сите жители биле Албанци.[13]

Според пописот од 1953 година, Општина Горно Количани имала 3,753 жители, односно вкупното население на Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Калдирец, Пагаруша и Црвена Вода.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[14][15]

Народност Вкупно
Македонци 5
Албанци 1,116
Турци 2,615
Роми 12
Неопределени Југословени 4
Останати несловени 1

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
  1. 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 131. Посетено на 10 јуни 2025.
  2. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 92. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 5 октомври 2025.
  3. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 46, 102, 131, 135, 171, 332, 479. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  4. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 2, 159, 224, 245, 499, 713.
  5. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 4 (162), 254 (412), 346 (504), 368 (526).
  6. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 156. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 237. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 114-115. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 29 јуни 2025.
  12. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 29 јуни 2025.
  13. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 10 јуни 2025.
  14. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 10 јуни 2025.
  15. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 10 јуни 2025.