Општина Гара Зелениково
| Месен народен одбор Гара Зелениково | |||||
| Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Станица (Гара) Зелениково | ||||
| Составни делови | Вражале (1950-1952), Градовци (1950-1952), Зелениково (1950-1952), Ново Село (1945-1952), Орешани (1950-1952), Пакошево (1945-1952), Смесница (1945-1952), Станица (Гара) Зелениково (1945-1952), Страхојадица (1945-1952), Таор (1945-1952) | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на МНО Гара Зелениково | 1945 | |||
| - | Укинување на МНО Гара Зелениково | 1952 | |||
| Население | |||||
| - | 1948 | 1,334 жит. | |||
| Управни единици
| |||||
| Денес во | Општина Зелениково | ||||
Месен народен одбор Гара Зелениково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Гара Зелениково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите шест населени места.[2]
Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Гара Зелениково бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Зелениково со неговите села Вражале, Градовци, Зелениково, и Орешани.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Гара Зелениково бил укинат и неговата општинска територија припаднала на обновената Општина Зелениково.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Гара Зелениково имал 1,334 жители, односно вкупното население на Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[5]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 1,194 |
| Албанци | 47 |
| Турци | 30 |
| Роми | 35 |
| Срби | 25 |
| Хрвати | 2 |
| Руси | 1 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 јуни 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 9 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 9 јуни 2025.
| ||||||||||