Прејди на содржината

Општина Брезица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месен народен
одбор Брезица
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1950
Главен град/седиште Брезица
Составни делови Брезица, Градманци, Крушје, Летевци
Историја
 - Основање на МНО Брезица 1945
 - Укинување на МНО Брезица 1950
Население
 - 1948 841 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Маџарска (1945-1947), Скопска (1947-1950)
Денес во Општина Велес, Општина Петровец

Месен народен одбор Брезица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Брезица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Брезица, Градманци, Крушје и Летевци.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брезица останал територијално непроменет. МНО Брезица тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брезица бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Катланово.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Брезица имал 841 жител, односно вкупното население на Брезица, Градманци, Крушје и Летевци. Од таа бројка, 581 биле Македонци, 238 биле Турци, 12 биле Роми, 4 биле Албанци, 3 биле Црногорци, 2 биле Бугари, додека 1 бил Србин.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 ноември 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 ноември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 2 ноември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 2 ноември 2025.