Прејди на содржината

Општина Бајловце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува на Општина Бајловце. За истоименото село, видете Бајловце.
Општина Бајловце
(1913-1941, 1952-1955)
Месен народен одбор Бајловце
(1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1913–1955 1955|
Главен град/седиште Бајловце
Составни делови 1913-1941: Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце

1945-1947: Бајловце и Цвиланце

1947-1952: Аљинце, Бајловце, Брешко, Жељувино и Цвиланце

1952-1955: Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино и Цвиланце

Историја
 - Основање на Општина Бајловце 1913
 - Основање на МНО Бајловце 1945
 - Преименување во Општина Бајловце 1952
 - Укинување на Општина Бајловце 1955
Население
 - 1913 2.464 жит.
 - 1921 2.202 жит.
 - 1931 2.388 жит.
 - 1948 1.637 жит.
 - 1953 1.942 жит.
Управни единици
 - Држава Кралство Србија (1913-1915)
Царство Бугарија (1915-1918)
Кралство Југославија (1918-1941)
ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955)
 - Република ДФ/НР Македонија (1945-1955)
 - Покраина Јужна Србија (1918-1922)
 - Бановина Вардарска (1929-1941)
 - Округ Кумановски (1913-1922)
Скопски (1945-1947)
 - Област Скопска (1922-1929)
 - Околија Кумановска (1915-1918, 1947-1955)
Козјачка (1945-1947)
 - Срез Жеглиговски (1913-1915, 1918-1941)
Денес во Општина Старо Нагоричане

Општина Бајловце, именувана и како Месен народен одбор Бајловце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година. Центар на општината било селото Бајловце.

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Бајловце за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[1]

Општина Бајловце продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

[уреди | уреди извор]

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Бајловце продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце.[3][4][5]

Месниот народен одбор Бајловце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Бајловце и Цвиланце.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бајловце бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Аљинце со неговите села Аљинце, Брешко и Жељувино. Истовремено, МНО Бајловце припаднал под проширената Кумановска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бајловце останал територијално непроменет.[8]

Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Бајловце бил преименуван во Општина Бајловце, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Драгоманце со неговото село Добрача.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Бајловце била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.[10]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1913 година, во Општина Бајловце живееле 2.464 жители. Според пописот од 1921 година, во општината имало 2.202 жители. Според верската припадност, сите биле православни, а според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[11][б 1] Според пописот од 1931 година, во општината имало 2.388 жители, од кои 1.197 биле мажи, а 1.191 биле жени. Општината се состоела од 364 куќи и 362 домаќинства.[12]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Бајловце имал 1.637 жители. Од таа бројка, 1.630 биле Македонци, 6 биле Срби, додека 1 бил Ром.[13] Според пописот од 1953 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 1.942 жители. Од таа бројка, 1.906 биле Македонци, додека 36 биле Срби.[14][15]

Година 1913 1921 1931 1948 1953
Населено место жители жители жители жители жители
Аљинце непознато ~400 372 395
Бајловце ~900 792 776
Брешко 77 78
Добрача ~150 255
Жељувино ~250 234 252
Канарево ~450
Осиче ~100
Цвиланце ~200 162 186
Вкупно 2.464 2.202 2.388 1.630 1.942

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
  1. Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 69. Посетено на 1 септември 2025.
  2. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 30. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 12 октомври 2025.
  3. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 47, 72, 82, 103, 119, 327. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  4. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VII, 4, 59, 202, 264, 319, 492, 730.
  5. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 6 (164), 18 (176), 109 (267), 317 (475), 404 (562), 498 (656).
  6. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 септември 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 27. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 201. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 2 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 237. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 2 септември 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 100-101. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 2 септември 2025.
  12. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 107. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 2 септември 2025.
  13. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 2 септември 2025.
  14. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 64. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 2 септември 2025.
  15. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 2 септември 2025.