Прејди на содржината

Општина Арбанашко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Арбанашко
(1952-1955)
Месен народен одбор Арбанашко
(1945-1952)
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1955 1955|
Главен град/седиште Арбанашко
Составни делови 1945-1947: Арбанашко, Буковљане, Рамно и Цветишница

1947-1952: Арбанашко, Буковљане, Длабочица, Рамно и Цветишница

1952-1955: Арбанашко, Буковљане, Дејловце, Длабочица, Осиче, Рамно и Цветишница

Историја
 - Основање на МНО Арбанашко 1945
 - Преименување во Општина Арбанашко 1952
 - Укинување на Општина Арбанашко 1955
Население
 - 1948 1.373 жит.
 - 1953 1.883 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Козјачка (1945-1947)
Кумановска (1947-1955)
Денес во Општина Старо Нагоричане

Општина Арбанашко, именувана и како Месен народен одбор Арбанашко ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година. Центар на општината било селото Арбанашко.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Арбанашко бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арбанашко, Буковљане, Рамно и Цветишница.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арбанашко бил проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Дејловце со неговото село Длабочица. Месниот народен одбор Арбанашко тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арнабашко не претрпел територијални промени.[3]

Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Арбанашко бил преименуван во Општина Арбанашко, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Дејловце со неговите села Дејловце и Осиче.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Арбанашко била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арбанашко имал 1.373 жители. Од таа бројка, 1.311 биле Македонци, 61 бил Србин, додека 1 припаднал во графата останати.[6] Според пописот од 1953 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 1.883 жители. Од таа бројка, 1.716 биле Македонци, 162 биле Срби, додека 5 биле Роми.[7][8]

Година 1948 1953
Населено место жители жители
Арбанашко 326 288
Буковљане 232 241
Длабочица 275 280
Дејловце 413
Осиче 107
Рамно 433 426
Цветишница 107 128
Вкупно 1.373 1.883

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 154. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 30 август 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 27. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 30 август 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 201. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 30 август 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 100. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 30 август 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 235. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 30 август 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 30 август 2025.
  7. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 64. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 30 август 2025.
  8. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 30 август 2025.