Прејди на содржината

Општина Агино Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месен народен
одбор Агино Село
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1950
Главен град/седиште Агино Село
Составни делови Агино Село (1945-1950), Брзак (1947-1950)
Историја
 - Основање на МНО Агино Село 1945
 - Укинување на МНО Агино Село 1950
Население
 - 1948 753 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ
 - Република ДФ/НР Македонија


 - Округ Скопски (1945-1947)
 - Околија Маџарска (1945-1947), Кумановска (1947-1950)
Денес во Општина Куманово

Месен народен одбор Агино Село ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Агино Село бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било селото Агино Село.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Агино Село бил проширен со селото Брзак, на сметка на укинатиот МНО Дељадровци. МНО Агино Село тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Агино Село бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Романовце.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Агино Село имал 753 жители, односно вкупното население на Агино Село и Брзак. Од таа бројка, 656 биле Македонци, 72 биле Срби, додека 25 биле Роми.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 31 октомври 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 27. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 31 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 202. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 31 октомври 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 31 октомври 2025.