Општина Јаболци
| Општина Јаболци (1952-1955) Месен народен одбор Јаболци (1945-1952) | |||||
| Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Јаболци | ||||
| Составни делови | Држилово (1952-1955), Јаболци (1945-1955), Нова Брезница (1945-1955), Осинчани (1945-1947, 1950-1955), Патишка Река (1950-1955) | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на МНО Јаболци | 1945 | |||
| - | Укинување на Општина Јаболци | 1955 | |||
| Население | |||||
| - | 1948 | 1,409 жит. | |||
| - | 1953 | 3,169 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | ДФЈ/ФНРЈ | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија
| |||
| - | Округ | Скопски (1945-1947) | |||
| - | Околија | Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1955) | |||
| Денес во | Општина Сопиште, Општина Студеничани | ||||
Општина Јаболци, именувана и како Месен народен одбор Јаболци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Јаболци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил намален на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица кој го добил селото Осинчани.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Осинчани, и соседниот и променет Месен народен одбор Држилово со неговото село Патишка Река.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Јаболци била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Држилово.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Јаболци била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.[5]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Јаболци имал 1,409 жители, односно вкупното население на Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани. Од таа бројка, 1,235 биле Македонци, додека 174 биле Албанци.[6]
Според пописот од 1953 година, Општина Јаболци имала 3,169 жители, односно вкупното население на Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[7][8]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 1,538 |
| Албанци | 806 |
| Турци | 812 |
| Срби | 1 |
| Неопределени Југословени | 12 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 17 јуни 2025.
- ↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 17 јуни 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 17 јуни 2025.
| ||||||||||