Општина Гази Баба

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Општината Гази Баба)
Општина Гази Баба
Општина
Знаме на Општина Гази БабаГрб на Општина Гази Баба
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеГази Баба
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникБобан Стефковски
Површина
 • Вкупна110,86 км2 (42,80 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно69.626
 • Густина630/км2 (1,600/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоgazibaba.gov.mk
Карта на одделните населени места во Општина Гази Баба. Урбаните подрачја опфаќаат градски населби кои не се прикажани на картата.

Општина Гази Бабаопштина во источниот дел на Град Скопје.

Име[уреди | уреди извор]

Името на Општина Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби наречен „Гази Баба“ кој живеел во периодот на XVI век и, меѓу останатите места, служел како кадија во Скопје. Неговото турбе кое се наоѓало во оваа општина е оштетено од Скопскиот земјотрес од 1963 г. и останало во урнатини.

Географија[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во северниот дел на Р. Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел се наоѓа во рамница под обработлива површина (65% од вкупната територија) со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел (Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината. Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково. Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км.

Површина: 92км2, голем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба.

Историја[уреди | уреди извор]

Просторот на кој се протега општината, со своите географски и стратешки обележја, се среќава низ речиси сите епохи.

Откривањето на археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари од младото камено време (неолит), укажува на фактот дека на овие простори се живеело и се творело од самиот почеток на човештвото. Од наодите откриени во населбата се истакнуваат керамички модели на куќи оформени во вид на фигура на жена, кои во современото живеење на Општина Гази Баба стануваат дел од идентитетот и симболите на општината.

Подоцна низ вековите, територијата на која се протега денешната општина била препознатлива и како место кое изобилува со верски објекти и богати извори на вода.

Од современата историја на Општина Гази Баба за одбележување е повторното нејзино формирање на 3 ноември 1976 година, со што станува конститутивна организациона единица на градот Скопје. Од тогаш тој ден претставува патронен празник на општината.

Со осамостојувањето на Република Македонија Општина Гази Баба станува дел од главниот град на земјата и негова комуникациска и сообраќајна порта.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Општина Гази Баба е најголемата индустриска зона на градот Скопје и Република Македонија, и на нејзина територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија. Бруто-домашниот производ по жител изнесува 11.964 USD (според попис од 2002г.). Квалитетно земјиште, поволна сообраќајна положба и вкупна комунална инфраструктура, стручна работна сила, научни, образовни, здравствени и други институции, потоа традиција во одвивање на одделни дејности, како и големината и квалитетот на економската структура, се битни потенцијали во развојната стратегија на Општина Гази Баба како дел од градот Скопје.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 г.[2] општината брои 72.222 жители, и со тоа е една од поголемите општини по населеност во земјата.

Народ Број Удел (%)
Македонци 53.497 73,7
Албанци 12.502 17,2
Турци 606 0,8
Роми 2.082 2,9
Власи 236 0,3
Срби 2.097 2,9
Бошњаци 710 1,0
останати 887 1,2
Вера Вкупно
православни 54.637
муслимани 15.968
католици 248
протестанти 14
останати 1.750
Јазик Говорници
македонски 54.664
албански 12.665
турски 532
ромски 2.060
влашки 147
српски 1.429
бошњачки 492
останати 628

Демографската структура на општината според етничката припадност: Македонци 73,5%, Албанци 17,3%, Срби 2,9%, Роми 2,9%, Турци 0,8%, Власи 0,3%, и останати 1,3%.

Просечна возраст: На населението е 32,9 години, до 20 години 31,3 %, до 40 години 62,6%, 60 години и повеќе 10,3%.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, општината Гази Баба имала вкупно 1.018 вработени, од кои 109 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Гази Баба е Борис Георгиевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Гази Баба е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  ВМРО-ДПМНЕ: 14 места
  СДСМ: 12 места
  БЕСА: 1 место

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Збратимени општини[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Скопје ФК Маџари јуниор

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]