Општествено препознавање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Општествено препознавање, или препознавање на заедницата, ― признание од страна на заедница или општествена група за значајно достигнување. Често е проследено со награди и прослави, како што се годишните Награди за признавање на заедницата во Финикс, Аризона и поврзаниот појадок.[1] Сржта на тоа е да се сврти вниманието на придонесите дадени за општествата.

Во „Облиците на капиталот“ (1986), Пјер Бурдје прави разлика помеѓу три облици на капитал: економски капитал, културен капитал и општествен капитал. Тој го дефинира општествениот капитал како „агрегат од тековните или потенцијалните ресурси кои се поврзани со поседување на трајна мрежа на повеќе или помалку установени односи на меѓусебно запознавање и препознавање“.[2] Така, признавањето на заедницата може да се дефинира како облик на социјален капитал.

Признавањето од страна на членовите на општеството, без разлика дали станува збор за подредени, врсници или претпоставени, исто така е дел од теоријата на мотивација.[3] Наградата на поединецот создава јамка за позитивна повратна информација, поттикнувајќи ги нив и другите кои се вдахнати од нивните дела и од позитивното засилување на заедницата, да продолжат да придонесуваат или да се приклучат за да ги надградат таквите напори.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2006 Community Recognition Awards“. Архивирано од изворникот на 21 април 2007. Посетено на 11 август 2022.
  2. „The Forms of Capital“. Архивирано од изворникот на 18 ноември 2002. Посетено на 11 август 2022.
  3. „Origins of Motivation Theory“. Посетено на 11 август 2022.