Опсирино

Координати: 40°52.14′N 21°21.18′E / 40.86900° СГШ; 21.35300° ИГД / 40.86900; 21.35300
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Опсирено)
Опсирино
Εθνικό
Опсирино is located in Грција
Опсирино
Опсирино
Местоположба во областа
Опсирино во рамките на Лерин (општина)
Опсирино
Местоположба на Опсирино во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°52.14′N 21°21.18′E / 40.86900° СГШ; 21.35300° ИГД / 40.86900; 21.35300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно58
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Опсирино или Опсирина [2] — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 58 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено 10 км северозападно од Лерин и 3 км западно од Долно Клештино, крај патот преку Драгош за Битола. Лежи крај Мала Река, во пазувите на планината Пелистер близу границата со Р Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Описирино отсекогаш било македонско село. На почетокот на XX век селото припаѓало на Битолската и имало албанско малцинство кое подоцна исчезнало. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Опсирино имало 260 жители Македонци и 60 жители Албанци муслимани.[4][5] На почетокот на XX век грчката пропаганда правела обиди да пушти корени во селото, и сите христијани во него биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обсирина имало 208 Македонци под патријаршијата и во неа работело грчко училиште.[4][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опсирина се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 293 жители.[3] Во овој период Боривое Милоевиќ го завел како населба со 30 македонски куќи, а во 1920 г. во Опсирино се попишани 264 лица. Во 1927 г. властите го преименувале во Етнико, што во превод значи „национално“.[8] Следната 1928 г. селото броело 296 лица.[3]

Во 1940 г. селото покажува зголемување на 372 жители, иако во овој период имало иселување во прекуокеанските земји. За време на Граѓанската војна две семејства од Опсирино пребегале во Р Македонија, а повеќе поединци се иселиле во источноевропските земји. По војната настапило помасовно иселување во прекуокеанските земји и населението продолжило да се намалува до денес.

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.[9]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 372 341 197 121 85 95 71 58
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. со варијантите Опсирено, Обсирено и Обсирина
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 166–167.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, р.168-169.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  8. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"