Опсада на Пшемишл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Битка кај Пшемишл, позната и како Опсада на Пшемишл била најдолга опсада во Првата светска војна, на Источниот фронт,[1] во која Австроунгарската војска доживеала тежок пораз. Опсадата започнала во септембври 1914 година, а накусо била запрена на 11 октомври 1914 година. Опсадата е продолжена на 9 ноември 1914 година. Гарнизонот со 110.000 австроунгарски војници им се предал на Русите на 22 март 1915 година по опсадата која траела 194 денови.

Причини[уреди | уреди извор]

Во тек на руската офанзива во Галиција Русите победиле во битката кај Лавова во 1914 гоина и го поместиле фронтот за околу 160 километари сè до Карпати. Русите ја завзеле Галиција. Единствено тврдината Пшемишл успеала да се одржи, до 28 септември 1914 година таа била потполно зад руските линии. Русите биле во позиција да ја загрозат Шлеска, германскиот индустиски регион, кој бил од огромен значај за воената индустрија. Поради тоа одбраната на Пшемсл станала една од најважните воени преокупации на Германија.

Тврдина - Пшемишл

Опсада[уреди | уреди извор]

Командант на рускеата Трета армија Радко Дмитриев на24 септември 1914 година ја започнал опсадата на Пшемишл. Дмитриев немал доволно потребна воена опрема, пред сè опсадна артилерија. Без да почека од главната команда да ги добие потребните артилериски средства, Димитриев наредил да се започне глем напад на тврдината, сметајќи дека така ќе ги оневозможи Австроунгарците да побараат и добијат помош. За три дена безуспешни, силни напади на тврдината Русите имале 40.000 жртви. Додека опсадата траела Паул фон Хинденбург започнал офанзива против Варшава на север. Во исто време Светозар Боројевич од Бојна ги предводел силите за ослободување на Пшемишл. Дмитриев на 11 октомври ја преместил линијата на опсада и се повлекол преку реката Сан. Конрад фон Хецендорф тогаш поверувал дека со заеднички напад со силите на армијата на Боројевиќ и гарнизонот од Пшемишла ќе можат да им нанесат тежок удар на Русите и да ја одбијат опсадата.


Паул фон Хинденбург до 31 октомври бил поразен во битката на Висла и го запрел нападот кон Варшава. Поради тоа и Боројевић се повлекол од реката Сан и се откажал од замислената офанзива што ја предлагал Конрад фон Хецендорф. На 9 ноември 1914 година, Русите повторно превзеле опсада на Пшемишл. Руската Единаесетата армија под команда на Андреј Николајевич Селиванов ја превзела задачата за опсадата и конечната битка, наместо армијата на Радко Дмитриев. Селиванов не наредувал фронтални напади на Пшемишл, туку одлучил австроунгарскиот гарнизон да го изгладни и принуди на предавање. Во февруари Боројевиќ се обидел да организира нов напад за ослободување на Пшемишл од опсадата, но до крајот на февруари пропаднале сите обиди да се достави каква било помош за опседнатата тврдина. Конрад фон Хецендорф донел одлука и го информирал командантит на одбраната на Пшемишл, Херман Кузманек дека веќе нема да испраќа војска како помош за да се издржи опсадата. Рускиот командант Селиванов добил доволно тешка артиљерија подобна за освајување на утврдените објекти и на 13 март 1915 година руските сили се пробиле низ северната одбрана на Пшемишл. Импровизирана линија на одбраната помогла гарнизонот да се одржи доволно долго, за во градот да уништат сè што на Русите можело да им биде од полза кога ќе го заземат градот. Војската под опсадата се обидела да изврши пробив на 19 март, потоа се предале, Херман Кузманек на 22 март го предао гарнизонот од 110.000 војници на Русите.[2]

Резултат[уреди | уреди извор]

Освојување на Пшемишл предизвикал општо мислење дека Русија ќе започне офанзива за заземање на Унгарија. До таа офанзива никогаш не дошло, но падот на Пшемишл представувал тежок удар за моралот на австроунгарските сили. Русите го држале Пшемишл до летото 1915 година, кога бил освоен во офанзивата на Горлиц-Тарнов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A War in Words, стр.69, Svetlana Palmer & Sarah Wallis, Simon & Schuster 2003
  2. Cornish, Nik (2006). The Russian Army and the First World War. Stroud: Tempus.