Опава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опава
Град
Opava Horní náměstí Theater Mariä Himmelfahrt.jpg
Горниот плоштад со театарот и катедралата
Знаме на Опава
Знаме
Грб на Опава
Грб
Опава is located in Чешка
Опава
Опава
Локација во Чешка
Координати: 49°56′N 17°54′E / 49.933° СГШ; 17.900° ИГД / 49.933; 17.900Координати: 49°56′N 17°54′E / 49.933° СГШ; 17.900° ИГД / 49.933; 17.900
Држава Чешка
КрајМоравскошлески
ОкругОпава
Управа
 • ГрадоначалникМартин Витечек
Површина
 • Вкупна90,61 км2 (3,498 ми2)
Надм. вис.&10000000000000257000000257 м
Население (2014)57.772
 • Густина638/км2 (1,650/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски факс746 01
Мреж. местоwww.opava-city.cz

Опава (германски: Troppau, полски: Opawa, латински: Oppavia) — град во северна Чешка на реката Опава, лоциран северозападно од Острава. Историски главен град на Чешка Шлеска, Опава сега се наоаѓа во Моравскошлескиот крај и има население од околу 60.000 жители

Историја[уреди | уреди извор]

Првите пишани податоци за постоењето на Опава потекнуваат од 1195 година. Според магдебуршкото право, Опава добил статус на град во 1224 година. Градот бил престолнина на Опавското војводство.

Во 1614 година Карло I од Лихтенштајн станал војвода на Опава. Откако поголемиот дел од Шлеска бил припоен кон Кралството Прусија за време на војната за австриското наследство по 1740 година, останатата шлеска територија која сеуште била под контрола на Хабсбуршката Монархија станала позната како Австриска Шлеска, со престолнина во Тропау. (1742–1918). Тропаускиот конгрес бил одржан во градот во периодот 27 октомври - 17 декември 1820 година.[1]

Според австрискиот попис од 1910 година, градот имал 30,762 жители, од кои 29,587 имале трајно живеалиште. Пописот покажал дека на 27,240 од жителите (92%) мајчин јазик е германскиот, на 2,039 (6.9%) мајчин јазик е чешкиот јазик, а пак 274 жители (0.9%) говореле полски јазик. На евреите не им било дозволено да се изјаснат дека зборуваат јидиш, и најголемиот дел од нив го пријавиле германскиот јазик. Главна религиозна група била католиците со 28,379 (92.2%), следени од протестантите со 1,155 (3.7%) и евреите со 1,112 жители (3.6%).[2]

По поразот на Австроунгарија во првата светска војна, Тропау станал дел од Чехословачка во 1919 година како Опава.

Во периодот 1938–45 година, Опава бил дел од Нацистичка Германија во согласност со минхенскиот договор. Еден ден пред германското приспојување на судетската област во 1938 година, градот се одделил од својот округ и станал независен град. По завршувањето на втората светска војна, целото германско население од Опава било насилно протерано во 1945–46 под услови утврдени во бенешовите декрети; градот бил повторно населен од чеси. Голем дел од протераното население се населил во Бамберг, Германија.

И покрај тоа што Опавското војводство повеќе не постои, титулуата Војвода на Тропау сеуште се употребува, и нејзин носител во моментов е Ханс-Адам II, кнез на Лихтенштајн.

Географија[уреди | уреди извор]

Опава се наоѓа во североисточниот дел на Чешка, на самата граница со Полска (само 5 км). Градот е оддалечен од главниот град Прага 340 километри источно. Од Острава, првиот поголем град, Опава е оддалечен 35 километри.

Релјеф: Опава се наоѓа во историската област Шлеска и припаѓа на нејзиниот западен дел. Градот се наоѓа на нерамен терен на приближно 250 метри надморска височина. Западно од градот се издигнува планинскиот масив Јасеники.

Клима: Климата во областа Опава е умерено-континентална.

Реки: Низ Опава протекува истоимената река Опава.

Население[уреди | уреди извор]

Движење на населението во Опава[3]
Година 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1930 1950 1961 1970 1980 1991 2001 2005 2011
Население 27 011 32 105 35 698 42 043 47 361 49 366 54 263 40 633 48 091 53 269 58 788 62 815 61 382 60 345 58 709

Економија и култура[уреди | уреди извор]

Опава во 1900 година

Опава моментално е важен бизнис и културен центар на Опавска Шлеска.[4] Во градот се сместени неколку економски и културни институции кои го опслужуваат целиот крај, вклуувајќи го Шлескиот музеј кој е најстар музеј во Чешка,[5] и Шлескиот институт на академијата на науки. Во Опава се наоѓа единствениот државен универзитет во државата кој не е статициониран во главен град на еден крај, Шлескиот универзитет, основан во 1991 година. Градот е дел од индустриска зона заедно со Острава и тука се произведува рударска опрема. Опава исто така доделува своја награда на културата.

Шлескиот театар во Опава бил отворен во 1805 година. Претставите биле изведувани на германски јазик се до крајот на втората светска војна.

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Градот Опава официјално е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chronologie des civilisations, Jean Delorme, Presses universitaires de France, 1956
  2. Ludwig Patryn (ed): Die Ergebnisse der Volkszählung vom 31. Dezember 1910 in Schlesien, Troppau 1912.
  3. Balcar, Vladimír; Havel, Radek; Křídlo, Josef; Pavlíková, Marie; Růžková, Jiřina; Šanda, Robert; Škrabal, Josef (2006). "Историски лексикон на општините во Чешката Република 1869–2005". Прага: Чешко статистичко биро. стр. 730–731. 
  4. Opavian Silesia
  5. About Silesian Land's Museum (in czech) – "Slezské zemské muzeum je nejstarší muzeum v České republice. Bylo založeno v Opavě 1. května 1814." → "Шлескиот музеј е најстар музеј во Чешка. Тој бил отворен во Опава на 1 мај 1814 година."

Надворешни врски[уреди | уреди извор]