Ономоно дономоно (книга)
Изглед
„Ономоно дономоно“ — збирка на брзозборки, игрозборки и редалинки, во избор на Санде Стојчевски, објавена од Просветно дело, Редакција „Детска радост“ во 2007 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата ги содржи следниве брзозборки и игрозборки:[1]
- брзозборки од Зборникот на Миладиновци
- Васил Куноски, „Ваше и наше“ и „Две зборчиња“
- Славко Јаневски, „Автара-бавтара“
- Јован Стрезовски, „Страв“, „Гулаби“ и „Ешко и крушата“
- Стојан Тарапуза, „Цакара-цекара“, „Вава вија“, „Кракара бакара“ и „ОНомино додомино“
- Рајко Јовчевски, „Кусо“ и „Итивака — ититака“
- Киро Донев, „Како се вика“ и „Џивко и Џивка“
- Ефтим Клетников, „Кога бев мал“
- Васил Пујовски, „Венче“
- Александар Кујунџиски, „Чудовидувалка“
- Ванчо Полазаревски, „Црв на Крф“, „Шаток да импресионира“ и „Нека си гака“
- Јордан Даниловски, „Марија е рија ри“, „Симона е златниче“ и „Лага-ли лага-ле“
- Славе Ѓорго Димовски, „Ономоно дономоно“ и „Ѕ“
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Книгата, со обем од 16 страници и со димензии од 24 сантиметри, била испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид. Таа е објавена во рамки на библиотеката „Лектирни изданија“. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-30-776-8. Автор на корицата и на илустарциите во книгата е Димче Исаиловски, а ликовно-графичкото обликување и компјутерската обработка ги направил Жарко Туниќ.[2]