Омско време

Од Википедија — слободната енциклопедија
Време во Русија
UTC+2 MSK−1: Калининградско време
UTC+3 MSK: Московско време
UTC+4 MSK+1: Самарско време
UTC+5 MSK+2: Екатеринбуршко време
UTC+6 MSK+3: Омско време
UTC+7 MSK+4: Краснојарско време
UTC+8 MSK+5: Иркутско време
UTC+9 MSK+6: Јакутско време
UTC+10 MSK+7: Владивосточко време
UTC+11 MSK+8: Средноколимско време
UTC+12 MSK+9: Камчатско време

Омско време (OMST) — часовен појас во Русија, шест часа понапред од Гринич (UTC+06:00) и 3 часа понапред од московското време (MSK).[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Сè до 1991 г. омскиот било еден од двата часовни појаса во советска Средна Азија. Покрај Омската област во Руската СФСР, појасот ги опфаќал источните две третини на Казашката ССР, сета Киргиска и сета Таџичка ССР, како и источниот дел на Узбечката ССР. Најважни градови кои се воделе по ова време биле Омск, Алма-Ата (Алмати), Фрунзе (Бишкек), Душанбе и Ташкент.

Со распадот на Советскиот Сојуз, појасот останал да важи само за Омската област. Осамостоените средноазиски држави престаналесо летно сметање на времето, а Узбекистан и Таџикистан воедно го поместиле времето еден час наназад.

Во следните две децении во Русија е направено приближување на појасите кон Москва. До 2010 г. цел западен Сибир се вратич еден час наназад, на Москва+3, со тоа поистоветувајќи се омското време.

Во 2011 г. во Русија е воведено целогодишно летно сметање на времето. Наместо да се префрла од UTC+6 зиме на UTC+7 лете, омското врмее биле определено како UTC+7 сè до 2014 г., кога е вратено на UTC+6 низ целата година; исклучок од ова е Кемеровската област, која решила да остане во UTC+7 — краснојарското време.

Во 2016 г. Алтајскиот крај, Република Алтај,[2] Томската [3] и Новосибирската област[4] се префрлиле на краснојарското време (UTC+7).

Денес омското време важи само во Омската област.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „RUSSIA TIME ZONES - RUSSIA CURRENT TIMES“. TimeTemperature.com. Посетено на 15 July 2012.
  2. „Новости - Федеральное агентство по техническому регулированию и метрологии (РОССТАНДАРТ)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-10. Посетено на 2018-08-05.
  3. СФ одобрил перевод времени в Томской области на час вперед | Общество | Аргументы и Факты
  4. „Госдума окончательно утвердила перевод стрелок в НСО на час вперед“. news.ngs.ru. Посетено на 2016-06-22.