Прејди на содржината

Омри Ганделман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Омри Ганделман
Лични податоци
Роден на 16 мај 2000(2000-05-16)(25 г.)
Роден во Ход Хашарон, Израел
Држава Израел Израел
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Гент Гент
Број 6
Младинска кариера
2008-2011 Хапоел Ход Хашарон
2011-2014 Макаби Петах Тиква Макаби Петах Тиква
2014-2017 Хапоел Ранана Хапоел Ранана
2017-2018 Макаби Петах Тиква Макаби Петах Тиква
2018 Веен Висбаден Веен Висбаден
2018-2020 Макаби Нетанја Макаби Нетанја
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020-2023 Макаби Нетанја Макаби Нетанја 100 (9)
2023- Гент Гент 68 (17)
Репрезентација
2021-2023 Израел Израел 21 15 (4)
2024 Израел Израел (олимп.) 3 (1)
2021- Израел Израел 5 (1)

Омри Ганделман (роден на 16 мај 2000 година, во Ход Хошарон) — израелски фудбалер, играч од средниот ред на Гент и на израелската репрезентација.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ганделман е роден и израснат во Ход Хашарон, Израел,[1] во израелско семејство од ашкеназиско еврејско потекло и од сефардиско еврејско потекло.[2] Тој е син на поранешниот израелски кошаркар Шмуел „Шмулик“ Ганделман,[3] и внук на Рами Ганделман, поранешен кошаркарски тренер и спортска личност во Ерусалим.[4]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци и Макаби Нетанја

[уреди | уреди извор]

Ганделман ја започнал својата кариера во родениот град Ход Хошарон, со екипата на Хапоел Ход Хашарон. Подоцна, тој бил дел од академиите и на други изралески клубови како Макаби Петах Тиква и Хапоел Ранана. Во 2018 година, тој бил скаутиран од германската екипа на Веен Висбаден и поминал одредено време таму, пред да се врати во родниот Израел на задолжителна воена служба.[4]

Кон крајот на 2018 година, тој се приклучил на Макаби Нетанја, каде поминал речиси две години во младинските екипи, пред да го направи своето сениорско деби со клубот во победата со 3-1 над Хапоел Ирони Кирјат Шмона во Премиер лигата на Израел на 2 јуни 2020 година.[5] Следната сезона, 2020-2021, ја започнал играјќи редовно како стартер на позицијата централен дефанзивец, а на 31 октомври 2020, го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера во победата со 3-0 на домашен терен над Хапоел Кфар Сава.

Преместувајќи се понапред во средниот ред, тој продолжил да биде стандарден и во следните две сезони во Макаби Нетанја, постигнувајќи и повеќе голови. Во сезоната 2022-2023, неговата последна со Макаби Нетанја, тој го освоил својот прв трофеј со клубот откако го победиле Хапоел Бершева по изведување на пенали во финалето на Тото купот.[6]

На 19 август 2023 година, Ганделман потпишал четиригодишен договор со белгискиот клуб Гент, кој за него му платил на Макаби Нетанја 2.3 милиони евра.[7]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Од 2021 до 2023 година, Ганделман настапувал за израелската репрезентација под 21 година. Со неа учествувал на Европското првенство 2023 во Грузија и Романија, каде израелците стигнале дури до полуфиналето во кое загубиле од Англија со 0-3. Ганделман ги одиграл сите натпревари и постигнал еден гол, во победа со 1-0 над Чешка, одлучувачка за Израел да ја мине групната фаза.

На 12 ноември 2021, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација, влегувајќи како замена во поразот со 4–2 од Австрија во квалификациите за Светското првенство 2022.[8]

Во 2024 година, Ганделман бил избран во составот на олимписката репрезентација на Израел, да настапи на машкиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри 2024 во Париз.[9] Таму ги одиграл сите три натпревари на својата земја и постигнал гол во поразот со 2-4 од Парагвај, но Израел бил елиминиран уште по групната фаза со само еден освоен бод.

На 10 октомври 2024, го постигнал својот прв гол за сениорската репрезентација во поразот со 1-4 на домашен терен од Франција во УЕФА Лигата на нации.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-11-2021КлагенфуртАвстрија Австрија4 – 2Израел ИзраелКвал. за СП 2022-влегол во игра 23'
6-9-2024ДебрецинБелгија Белгија3 – 1Израел ИзраелУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-заменет 63'
10-10-2024БудимпештаИзраел Израел1 – 4Франција ФранцијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза1заменет 62'
17-11-2024БудимпештаИзраел Израел1 – 0Белгија БелгијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-влегол во игра 61'
10-6-2025ДебрецинСловачка Словачка0 – 1Израел ИзраелПријателска-заменет 66'
Вкупно Настапи 5 Голови 1

Макаби Нетанја

[уреди | уреди извор]
2022–2023
  1. Омри Ганделман на soccerway
  2. Омри Ганделман на WorldFootball.net Уредете го ова на Википодатоците
  3. „מנהלת ליגת העל בכדורסל | כדורסל ישראלי | עונת 1989-90 | ראשון לציון | שמוליק גנדלמן“. basket.co.il (хебрејски). Посетено на 26 October 2024.
  4. 1 2 Chavez, Tomer (16 October 2021). "מתאים לאירופה": גאנדלמן הוא היהלום בנתניה“ ["Suitable for Europe": Gandelman is the diamond in Netanya]. One (хебрејски). Посетено на 26 October 2024.
  5. „Maccabi Netanya vs. Ironi Kiryat Shmona - 2 June 2020 - Soccerway“. int.soccerway.com.
  6. „No Goals, No Problem: Maccabi Netanya Lifts the Toto Cup“. jewishboston.com. 30 јануари 2023. Посетено на 4 октомври 2025.
  7. „Gent sign Omri Gandelman to four year deal“. One football. 19 август 2023. Посетено на 4 октомври 2025.
  8. „Austria-Israel | European Qualifiers“. UEFA.
  9. „פריז, אנחנו באים!!!“ [Yes, please leave!!!]. Facebook (хебрејски). Israel Football Association. 11 July 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]