Омотско

Координати: 40°26′N 20°58′E / 40.433° СГШ; 20.967° ИГД / 40.433; 20.967
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Омоцко)
Омотско
Λειβαδοτόπι
Омотско is located in Грција
Омотско
Омотско
Местоположба во областа
Омотско во рамките на Нестрам (општина)
Омотско
Местоположба на Омотско во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°26′N 20°58′E / 40.433° СГШ; 20.967° ИГД / 40.433; 20.967
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&10000000000000970000000970 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно15
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Омотско или Омоцко (грчки: Λειβαδοτόπι, Ливадотопи; до 1927 г. Όμοτσκο, Омоцко[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 15 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, околу 32 км југозападно од градот Костур, во близина на реката Бистрица, на нејзината лева страна, на надморска височина од 970 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Хомочко како место со 44 семејства.[4] Во 1769 г. арнаутските банди го уништиле селото, заедно со соседните Линотопи, Ветерник, Пискохор, Лагор, Грамошта и Загар.[5]

Преселби во Брацигово и Ковачевица во XVIII век[уреди | уреди извор]

Околу 1770 или во 1791 г. многу жители на Омотско и соседните Слимница и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија) поради угнетувања од страна на албанското население.[6][7] Тие пристигнале во Пештера со сиот движен имот и добиток, па почнале да ги обиколуваат околните села Брацигово, Козарско, Кричим и Перуштица, барајќи место да се населат. Слимничани биле бичкиџии (обработувачи на дрво), омотчани биле градители, а орешчани — занаетчии: бојаџии, сапунџии, шарлаганџии, бочвари и џамбази. Се населиле во Брацигово, кајшто немало Турци. Девет слимничани се населиле во Перуштица, дел од омотчаните се населиле во Козарско и други омотчани и орешчани останале во Пештера, каде го основале Габер Маало.[8] Наследниот управник на Татарпазарџичката каза Хасан-бег Гаванозоолу им дал дозвола да се населат во Брацигово и да ги ја избегнат работата на оризарниците задолжителна за староседелците во замена за градителска работа на неговите седум чифлици секоја година. Во Брацигово омотчани, најмногубројни од доселениците, се населиле во северниот дел на селото и го основале Омотското Маало. Слимничани се населиле во источното маало, а орешчани, како најмалубројни, во средината на селото.[9]

Од Омотско потекнуваат брациговските родови Зоговци, Ѓуровци, Дуковци, Јорговци, Дамовци, Мишекопарановци, Арнаудовци, Филевци, Андреевци, Цојковци, Буровци, Каневци, Шаваниковци, Цапковци, Мишевци, Сидеровци, Чоковци, Серафимовци, Глухчевци, Дунковци, Демиревци, Нановци, Неделковци.[10]

Семејства од Омотско, заедно со слимничани и добролиштани во 1791 г. се населиле и во неврокопското село Ковачевица во Пиринска Македонија, каде го создале т.н. Арнаутско Маало. Тие се занимавале со градителство и ја основале Ковачевичката градителска школа.[11]

Омотско во XIX век[уреди | уреди извор]

Во XIX век Омотско било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Омотско имало 247 жители, сите Македонци.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Омотско имало 96 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[12][13] Според грчки извори, во 1905 г. во Омотско имало 138 жители „Грци“.[14]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Омоско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 18 куќи.[15]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 10 македонски семејства.[12][16]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 102 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 114.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Омотско имало 15 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадотопи (Λειβαδοτόπι).

За време на Втората светска војна, во летото 1942 г. селото е изгорено од три германски баталјони заедно со Слимница, Пилкати и Јановени со цел да се ликвидираат партизанските бази. За време на Граѓанската војна селото многу настрадало и на 27 јули 1947 г. жителите го напуштиле, кои побарале спас во источноевропските земји. По војната властите не им дозволиле на селаните да се вратат во Омотско.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Омотско е последно македонско на југ, бидејќи од неговата јужна страна почнуваат грчките села Тухол, Дреново и други.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 211 0 0 0 0 37 41 15
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Слимница, Пилкати, Радигоже, Стенско и Тухол.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Омотско

  • Андреја (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Атанас (Насе) Глухче (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Атанас Мечкарин (~1786 - 1845) — мајстор-градител
  • Бинко (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Бојчо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Буро (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Ванчо Устабаши (~1716 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
  • Вељу (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Ѓуро (~1731 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
  • Дамче (~1721 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., изградил воденица во градот во 1819 г.[6]
  • Ѕано (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Диман (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Димир (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Димко (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Дуко (~1726 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Дунко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Зога (~1726 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
  • Игнат (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Илчо (~1752 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Исидор (Сидор, ~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Јорго (~1716 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
  • Кању (~1745 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Крле (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Катју Шаваник (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Манол (Нољо, ~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Марко Зисо (~1736 - ?) — мајстор-градител
  • Михал (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Михо Копаран (~1721 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Мишо Кормишо (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Насе Глухче (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Нано (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Неделко (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Нољо (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Петко Грнето (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Ројко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Саво (~1745 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Серафим (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Сидо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Сотир (Соте, ~1745 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Стамен (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Стерју Арнаут (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Танчо Бјуљук (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Тољу Карабајрактар (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Фиљо (~1731 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
  • Христо Грнето (~1730 - ?) — мајстор-градител
  • Цапко (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Цапко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Циљо Кацар (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Цојко (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Чока (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Штерју Арнаут (~1780 - 1860) — мајстор-градител

Други

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Omotskon -- Livadotopi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-11.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35–36.
  4. Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 112.
  5. Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 6,20 6,21 6,22 6,23 6,24 6,25 6,26 6,27 6,28 6,29 6,30 6,31 6,32 6,33 6,34 6,35 6,36 6,37 6,38 6,39 6,40 6,41 6,42 6,43 6,44 6,45 6,46 6,47 Бербенлиев, Пейо и Владимир Патръчев (1963). Брациговските майстори-строители през XVIII-XIX век и тяхното архитектурно творчество. София: Държавно издателство „Техника“. стр. 12–27. Посетено на 11 август 2023.
  7. Юруков, Даниил (1931). Брацигово. София: Г. Д. Юруков. стр. 4.
  8. Юруков, Даниил (1931). Брацигово. София: Г. Д. Юруков. стр. 5.
  9. Юруков, Даниил (1931). Брацигово. София: Г. Д. Юруков. стр. 6.
  10. Дамянова, Екатерина. „Прадедите ни“. Литературен свят. Посетено на 11 август 2023.
  11. Тилев, Жеко (1987). „Ковачевица“. Музеи и паметници на културата. Комитет за култура (1): 8.
  12. 12,0 12,1 12,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  13. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.180-181.
  14. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Livadotopos Архивирано на 26 јули 2007 г..
  15. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  16. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  17. „ΔΥΤΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ - Καστοριά - Φούσια - Τρίλοφο - Μονόπυλο - Γιαννοχώρι - Λιβαδοτόπι - Γράμμος 6ο από 8“. www.elladosperiigisis.gr. Посетено на 2023-08-11.