Омофор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фреска од 14 век на кој е прикажан омофорот

Омофор — најважна архијерејска одежда. Тоа е всушност широка лента што архијерејот ја става на двете рамена.

Неговото симболично значење е двојно. Прво тоа е изгубена, а потоа пронајдена овчичка, која Христос како добар пастир ја зел на своите раменици и му ја донел на Бога Отецот. Затоа омофорот порано се правел исклучиво од бела волна.

На омофорот се извезени четири крста. Со овие крстови архијерејот ја покажува својата согласност да ги следи Христовите страдања.

Според преданието, првиот омофор го направила самата Богородица, за Свети Лазар, кој бил епископ на Крит.

Омофор е грчки збор (ωμοφόρος) и значи рамоносник, односно она што се носи на рамениците.

Без омофорот, архијерејот не може да врши никаква важна свештеничка работа.