Оморика
Оморика | |
---|---|
Гранка на оморика | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Четинари |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Борови |
Род: | Смрча |
Вид: | Оморика |
Научен назив | |
Picea omorika (Pančić) Purk. | |
Природни ареал |
Оморика (науч. Picea omorika) или Панчиќева оморика (српски: Панчићева оморика) — вид иглолисно дрво ендемски застапено по средниот тек на реката Дрина кај Вишеград во Република Српска, БиХ и во западна Србија, со вкупен ареал од само 60 хектари, на надморска височина од 800 до 1600 м. Како вид првпат е откриена во 1875 г. кај с. Заовине на планината Тара од ботаничарот Јосиф Панчиќ, во чија чест е наречена.[2][3][4]
Опис
[уреди | уреди извор]Ова е зимзелено дрво со средна големина кое достигнува висина од 20 м (или, во исклучителни случаи, до 40 м). Стеблото има пречник до 1 м, а леторастите му се светлокадеави и гусо влакнести. Листовите се иглести и сплескани, долги по 10–20 мм темносинозелени на лицето и синобели на опачината. Шишарките се долги по 4-7 см , вретенести по поблик, темновиолетови (речиси црни) кога се млади, но темнокафеави 5–7 месеци по опрашувањето, со цврсти лушпи.[2][3][4]
Одгледување
[уреди | уреди извор]Вон автохтониот ареал, омориката е застапена како важно украсно дрво во паркови и големи градини и нашироко се цени поради привлечната крошна. Успева на најразлични почви: базни, глинести, исели и песокливи, иако претпочита влажна исцедена иловица. Во помала мера е застапена и во шумарството, за новогодишни елки, дрвена граѓа и добивање на хартија, особено во северна Еворпа, иако поради бавниот раст не е популарна колку ситканската (P. sitchensis) и обичната смрча (P. abies).
Во Македонија смрчата е застапена како парковско дрво и како шумски вид.[5]
Одгледувачите ја имаат вкрстено со црната смрча (P. mariana) и ситканската смрча.[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mataruga, M., Isajev, D., Gardner, M., Christian, T. & Thomas, P. (2010). „Picea omorika“. IUCN Red List. Version 3.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 2013-11-10.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Farjon, A. (1990). Pinaceae. Drawings and Descriptions of the Genera. Koeltz Scientific Books ISBN 3-87429-298-3.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Rushforth, K. (1987). Conifers. Helm ISBN 0-7470-2801-X.
- ↑ 4,0 4,1 Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Оморика, стр. 1074“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Оморика на Викивидовите ?
- „Оморика“ — Енциклопедија на живиот свет