Прејди на содржината

Оморански манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оморански манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Никола“ - Оморани
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Никола
ЕпархијаПовардарска
Цркви„Св. Никола“
Личности
Место
МестоОморани, Општина Чашка, Македонија Македонија
Координати41°30′16.7″N 21°36′55.1″E / 41.504639°N 21.615306°E / 41.504639; 21.615306
Видливи остатоци1 црква, конаци, камбанарија
Отворен за јавностада
Други информации(Богомилска парохија)

Оморански манастирманастир во велешкото село Оморани, сместен над селото.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа под врвот Корнорог, на планината Мукос, и до него води земјен пат, кој започнува од селото Оморани.

Манастирот е сместен во шумски предел и е оддалечен околу еден час пеш од селото Оморани.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Нема писмени извори за настанокот на манастирот. Се знае дека бил уништен во османлиско време, а потоа обновен.[2]

Георги Трајчев претпоставува дека е основан во 1807 година, но во Слепченскиот поменик, напишан некаде по 1573 година, се споменува јеромонах Мина од Хоморан, што дава повод да се смета дека манастирот е многу постар.[3][4]

Јован Трифуноски забележал дека за манастирот до 1966 година се грижел монах, кој тогаш бил уапсен. Потоа, манастирот се запустел, особено неговите конаци.[1]

Во 2024 година, манастирот бил под закана од шумски пожар.[5]

Градби во манастирот

[уреди | уреди извор]

Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, конаци, камбанарија, како и други помошни објекти.

Црква „Св. Никола“

[уреди | уреди извор]

Главната манастирска црква е посветена на Свети Никола, по која е и наречен целиот манастир.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Трифуноски, Јован (1977). Област Бабуне и Тополке. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 221.
  2. „Богомилска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 22 септември 2025.
  3. Трайчевъ, Георги. Манастиритѣ въ Македония. София, Македонска библиотека № 9, 1933. с. 184.
  4. Гергова, Иванка. Поменици от Македония в български сбирки, София, 2006, с. 74.
  5. „„ФРОНТОТ НА ПОЖАРОТ Е ГОЛЕМ" - се уште гори кај Оморани, ангажирани припадници на МВР и АРМ и вклучен хеликоптер“. Фактор Портал. Посетено на 2025-09-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]