Омилена (ТВ Серија)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Омилена | |
|---|---|
Маријана Ксименез, во улогата на Лара. | |
| Жанр | драма теленовела |
| Создадена од | Жоао Емануел Карнеиро |
| Улоги | Патрисија Пилар Клаудија Раиа Мурило Беницио Маријана Шименез |
| Воведна тема | Tango embalado pelo, grupo mexicano Bajofondo |
| Земја на потекло | Бразил |
| Првичен јазик | португалски |
| Бр. на епизоди | 197 (бразилско население) |
| Производство | |
| Времетраење | 45 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Глобо |
| Првично прикажување | 2 јуни 2008 – 16 јануари 2009 |
| Хронологија | |
| Следбеник | Патот на Индијките (2009) |
| Надворешни врски | |
| Мрежна страница | afavorita.globo.com |
Омилена (португалски: A Favorita) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 2 јуни 2008 на местото на новелата Двојно лице. Успехот веќе се бележеше после првото прикажување, а доброто сценарио, терминот на прикажување и мега популарната глумска постава не е возможно серијата да не биде со добар рејтинг. Писател на сценариото е Жоао Емануел Карнеиро.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?
Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сè додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венчава со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венчава со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател.
Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки.
Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години. Флора е осудена на 18 години затвор како казна за злосторството. Донатела не ѝ простува на својата пријателка и ја одгледува Лара.
Осумнаесет години подоцна, Флора излегува од затвор и сака да ја докаже својата невиност обвинувајќи ја поранешната ѝ пријателка за злосторството. Донатела, пак, се плаши Флора да не ѝ се доближува на Лара, на која ѝ вели дека ја сака како да ѝ е вистинска ќерка. Но, Лара се интересира за караницата меѓу двете жени кои некогаш биле пријателки. Додека животната цел на Флора е да ѝ се доближи на ќерка си, Донатела ќе прави сè што може за да го спречи тоа.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Патрисија Пилар | Флора |
| Клаудија Раиа | Донатела |
| Маријана Шименез | Лара |
| Мурило Беницио | Доди Фонтана |
| Мауро Мендонса | Гонсало Фонтини |
| Глорија Менезес | Ирене |
| Тарцисио Меира | Копола |
| Кармо Дала Вечиа | Зе Боб |
Занимливости
[уреди | уреди извор]- На почетокот на реализацијата, серијата имаше име под наслов Карма, па за вторпат да го замени како Последна пресуда и на крајот заради разни проблеми, Глобо одлучи серијата да го има името Омилена.
- Негативката во серијата Флора, ќе биде откриена два месеца пред крајот на новелата.
- Ликот на Таис Араухо, која глумеше главна улога во претходната новела на Жоао Емануел Карнеиро, “Бојата на гревот” призна дека нејзиниот лик бил инспириран од топ моделот Наоми Кембел.
- За првпат на ТВ екраните од оваа серија дебитираа глумците Жан Пјер Ноер, Тиаре Маиа, Кларис Фалкао, Хана Романаци, Ренан Мајер и Едуардо Мело.
- Главниот машки лик воедно и негативец најпрвен беше најавено дека ќе го глуми Фабио Асункао. Но глумецот беше заменет со Мурило Беницио.
- Меѓу глумците кои мораа да го променат изгледот заради серијата беа: Дебора Секо, Маријана Ксименез, Таис Араухо, Грациела Шмит, Кристин Фернандес, Иран Малфитано, Мурило Беницио, Жулиана Паес и Клаудија Раиа.
- Од сите три новели кои ги напиша Жоао Емануел Карнеиро, Таис Араухо во сите има некоја важна улога. Во серијата “Змии и гуштери” глумеше негативен лик, додека во серијата “Бојата на гревот” беше главната женска глумица.
- Жулиана Паес ја напушти глумечката екипа поради главната улога која ја има во новата бразилска новела од 9 “Патиштата на Индија” на Глорија Перес. Жулиана Паес во оваа серија беше убиена на епизодата која се емитуваше на 21 август 2008 од страна на ликот Флора.
- Премиерата на серијата во Португалија, беше на 23 јуни 2008 во 21:25, но сега е преместена во терминот од 23:45.
- Ова е петта новела во која Дебора Секо и Жулиана Паес глумат заедно. Претходните новели беа “Семејни интриги”, “Светот на славните”, “Америка” и хумористичната “Дај ми јака”.
- Флора досега има убиено тројца ликови, мажот на Донатела и таткото на нејзината ќерка, Лара, Марсело Фонтини. Д-р Салватор, докторот на Донатела, кој ја знаеше цела вистина и Маира, новинарка, пријател на Џо Боб која исто така ја откри целата вистина.
- Приказната е класифицирана за гледачите над 12 години.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 17 јуни 2008 г.
- Теледраматургија Архивирано на 28 мај 2008 г.