Омбре (филм од 1967)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Омбре“ (шпански: Hombre = човек) – американски филм од 1967 година, во режија на Мартин Рит (Martin Ritt) по сценариото на Ирвинг Равеч (Irving Ravetch) и Хариет Френк Јуниор (Harriet Frank Jr.), засновано на романот на Елмор Леонард (Elmore Leonard). Главните улоги ги толкуваат: Пол Њуман (Paul Newman), Фредрик Марч (Fredric March), Ричард Бун (Richard Boone), Дајен Клиенто (Diane Cliento), Барбара Раш (Barbara Rush), Камерон Мичел (Cameron Mitchell) и Мартин Балсам (Martin Balsam). Филмот претставува добар пример на примената на новите тенденции во развојот на вестернот како филмски жанр. Во него, последен пат (седми во низа) соработувале режисерот Рит и славниот глумец Пол Њуман.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Џон Расел (го игра Њумен), познат под прекарот Омбре, го одгледале Апачите во Аризона. JЕден ден, тој дознава дека наследил станбена зграда во блискиот град и одлучува да ја продаде за стадо коњи. Поради тоа, со кочија заминува во поголемиот град. Надвор од градот, тој и останатите патници се ограбени, но благодарение на него, патниците успеваат да се спасат и да побегнат со малку вода, пари и муниција...

Наводи[уреди | уреди извор]