Олимпијада (Халкидик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олимпијада
Ολυμπιάδα
Olymbiada, Chalkidiki, Greece - View from Northwest with ancient Stagira.jpg
Олимпијада is located in Грција
Олимпијада
Олимпијада
Местоположба во областа
Олимпијада is located in Аристотел (општина)
Олимпијада
Местоположба на Олимпијада во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 23°46′E / 40.600° СГШ; 23.767° ИГД / 40.600; 23.767Координати: 40°36′N 23°46′E / 40.600° СГШ; 23.767° ИГД / 40.600; 23.767
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Население (2001)[1]
 • Вкупно649
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Олимпијада (грчки: Ολυμπιάδα ) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Олимпијада билa дел од општина Стагира-Акант [2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Олимпијада се наоѓа на 32 километри северно од градот Ерисово и на 90 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидики, на Орфанскиот Залив.

Историја[уреди | уреди извор]

На околу километар од селото се наоѓаат урнатините на античка Стагира. На патот кон Стратони, во месноста Зепко која има одлична плажа, има откриена ранохристијанска базилика[3].

Селото било основано од бегалци кои пристигнале од село Агија Кирјаки во Турција во 1923 година. Поради тоа и главната црква во селото е посветена на Света Недела. Областа е заштитена од програмата Натура 2000.

Првично областа била мочуриште и населението страдало од маларија. Главно занимање на жителите е туризмот и риболовот. Во близина на селото се наоѓа и рудник.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]