Прејди на содржината

Оливера Трајкова (музичар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оливера Трајкова
Роден(а)Битола, СР Македонија
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанрови Класична музика
Занимањавиолинистка, музичар, педагог
Инструментивиолина

Оливера Трајкова - музичар, виолинистка, педагог од Битола.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Оливера Трајкова завршила Државно Музичко училиште – Битола во класите на проф. Христина Трајановска и проф. Зоран Маневски. Дипломира во класата на проф. Михајло Куфојанакис на Факултет за музичка уметност - Скопје.[1]

Музичка дејност

[уреди | уреди извор]

Како солист настапува на многубројни солистички концерти како и на концерти меѓу кои :

Оливера Трајкова е блиска по род со Кирил Македонски, македонскиот композитор, авторот на првата македонска национална операГоце“. Покрај тоа, таа своите концертни настапи ги изведува со виолината која била соственост и на која музицирал самиот Кирил Македонски. Благодарение на нејзиниот суптилен, „ненаметлив“ изведувачки дар, од неа успева да извлече прекрасен кадифест, нежен и убедлив звук, карактеристичен за позначајните концертни музички и виолински колорити низ светските музички центри. Само по себе ова е своевиден музички раритет и културен екстракст за македонската уметност со оглед и на тоа што на самата виолина е обележано и -Страдивариус 1724.

Нејзините одлични изведби се: прецизни, јасни, со особен авторски влог, емотивни и медитативно одмерени.[2]

Педагошка дејност

[уреди | уреди извор]

Својата педагошка дејност ја започнува во 2005 год. како професор по виолина во музичките училиште во Охрид и Прилеп. а денес е редовен проф.по виолина во Државно Музичко училиште – Битола.

Својот посветен педагошки ангажман го докаужва и со бројни државни, меѓународни и интернационални истакнати награди, на нејините ученици забележани на бројни натпреварувања и концерти низ светот.[3], [4], [5],[6]

Добитник е на повеќе награди, помеѓу кои се истакнува и Специјалната награда на Државниот натпревар во Скопје-Настапот како солист со Македонската филхармонија во Скопје и Младинскиот симфониски оркестар на Едмонтон – Канада.