Административна поделба на Велс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Окрузи во Велс)

Велс е поделен на 22 области наречени „главни области“ (англиски: principal areas), почнувајќи од 1996 г.[1] Со нив управуваат избрани совети, во чија надлежност се образованието, социјалата, заштитата на животната средина и највеќето патишта. Во состав на управата постојат и совети на заедниците (community councils) со надлежност врз поединечни сфери.

Монархот назначува свој лорд-намесник (Lord Lieutenant) како негов претставник во секоја од зачуваните грофовии во Велс, кои се целини со церемонијална намена.

Во април 2013 г. е најавено дека организациската поставеност на управата треба да се преработи со комисија, за да се утврди подобар начин на распределба на надлежностите.[2]

Области во Велс[уреди | уреди извор]

Велс е поделен на 22 области (principal areas), создадени во 1996 г.[3] Од нив, 11 се наречени грофовии (counties), а 11 се грофовиски реони (county boroughs), а некои од нив се градови,[4] меѓу кои и Њупорт, прогласен за град (city) во 2002 г..[5][6]

Карта на областите во Велс

Градови[уреди | уреди извор]

Во земјата има вкупно шест града, покрај трите области со статус на град (заедниците Бангор, Сент Дејвидс и Сент Асаф).

Зачувани грофовии[уреди | уреди извор]

Во Велс постојат 8 зачувани грофовии (preserved counties), што имаат церемонијална намена (намесништво и сл.) а се засноваат на претходниот административен систем (1972-1996).

Историски грофовии[уреди | уреди извор]

Историските грофовии се традиционални целини во земјата кои имале значење низ вековите, како и улога на административни единици од 1889 до 1974 г.

Заедници[уреди | уреди извор]

Најмала административна единица во Велс е заедницата (community). Секоја област е поделена на вакви заедници, кои можат да имаат свои совети, со извесни надлежности на месно ниво, како и претставување на нивните подрачја во поголемите органи. Во помалите урбани места и во градовите се нарекуваат градски совети. Заедниците кои се премали за да имаат совет имаат „собор на заедницата“ (community meeting), кој функционира како непосредна демократија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Local Government (Wales) Act 1994
  2. Можно отстранување на локалните совети во Велс со преиспитувањето, 19 април 2013BBC Вести, посет. 19 април 2013 г (англиски)
  3. Local Government (Wales) Act 1994 (1994 c. 19)
  4. Local Government (Wales) Act 1994, Schedule 1
  5. „No. 56573“. The London Gazette. 21 мај 2002. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  6. „Градски совет на Њупорт“. Градски совет на Њупорт. 4 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2010-12-09. Посетено на 5 март 2011. (англиски)