Прејди на содржината

Окрузи и населби во Берлин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Окрузи во Берлин)
Карта на окрузите и населбите во Берлин

Берлин има статус на град и на сојузна покраина. Со административната реформа во 2001 г. тој е поделен на 12 окрузи (германски: Bezirke) со свои месни управи.

Секој округ има окружен совет (Bezirksamt) со пет советници (Bezirksstadträte) и окружен градоначалник (Bezirksbürgermeister). Советот го бира окружно собрание (Bezirksverordnetenversammlung). Окружната управа има ограничена надлежност и е подредена на повисоката градска управа на Берлин. Окружните градоначалници членуваат во Градоначалнички совет (Rat der Bürgermeister) возглавен од градскиот градоначалник и го советува Сенатот на Берлин.

Историја

[уреди | уреди извор]
Поранешните 23 окрузи на Берлин (1990–2000)

Секој округ има по неколку официјално признаени населби (Ortsteile). Тие некогаш биле одделни градови или села, кои во 1920 г. се обединиле согласно Законот за Голем Берлин, и со тоа му на дале основа денешниот град како покраина. Населбите немаат никакви овластувања, туку се признаени од градот и окрузите за плански или статистички цели. Жителите се препознаваат во населбата во која живеат многу повеќе отколку во округот. Населбите имаат свои маала кои немаат службен статус, но сепак се земаат предвид при планирање и статистика.

Со создавањето на Голем Берлин во 1920 г. градот бил поделен на 20 окрузи, претжено наречени според најголемата населба во секој од нив, и кој претходно бил свој град или општина; други, како Кројцберг и Пренцлауер Берг, се наречени по природни топоними.

Во 2000 г. градот имал 23 окрузи поради трите нови окрузи создадени во Источен Берлин. Во 2001 г. е направена реформа со која бројот на окрузи е сведен на 12.

На табелава се прикажани дванаесетте окрузи на Берлин:[1]

Округ Население
(2010)
Површина
(км2)
Густина
(жит/км2)
Карта
Шарлотенбург-Вилмерсдорф 319.628 64,72 4.878 Карта на окрузите во Берлин
Фридрихсхајн-Кројцберг 268.225 20,16 13.187
Лихтенберг 259.881 52,29 4.952
Марцан-Хелерсдорф 248.264 61,74 4.046
Мите 332.919 39,47 8.272
Нојкелн 310.283 44,93 6.804
Панков 366.441 103,01 3.476
Рајникендорф 240.454 89,46 2.712
Шпандау 223.962 91,91 2.441
Штеглиц-Целендорф 293.989 102,50 2.818
Темпелхоф-Шенеберг 335.060 53,09 6.256
Трептов-Кепеник 241.335 168,42 1.406


Сите грбови на берлинските окрузи имаат штит од шпански облик со градобранска круна: црвен градобран со 3 кули на кој во средината е претставен грбот на Берлин.


Шарлотенбург-Вилмерсдорф

Фридрихсхајн-Кројцберг

Лихтенберг

Марцан-Хелерсдорф

Мите

Нојкелн

Панков

Рајникендорф

Шпандау

Штеглиц-Целендорф

Темпелхоф-Шенеберг

Трептов-Кепеник

Во 2012 г. дванаесетте окрузи имале вкупно 96 официјално признаени населби (Ortsteile). Речиси сите тие се поделени на маала (Ortslagen, Teile, Stadtviertel, Orte итн.). Најголема населба е Кепеник (34,9 км2), а најмала е Ханзафиртел (0,53 км2). Најнаселена е Нојкелн (154.127 жит. во 2009 г.), а најслабо населена е Малхов (450 жит. во 2008 г.).[2]

(01) Мите
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0101) Мите 10,70 79.582 7.445 Окружна карта на Мите
(0102) Моабит 7,72 69.425 8.993
(0103) Ханзафиртел 0,53 5.889 11.111
(0104) Тиргартен 5,17 12.486 2.415
(0105) Вединг 9,23 76.363 8.273
(0106) Гезундбрунен                                 6,13 82.729 13.496


(02) Фридрихсхајн-Кројцберг
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0201) Фридрихсјан                                   9,78 114.050 11.662 Окружна карта на Фридрихсхајн-Кројцберг
(0202) Кројцберг 10,40 147.227 14.184


(03) Панков
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0301) Пренцлауер Берг 11,00 142.319 12.991 Окружна карта на Панков
(0302) Вајсензе 7,93 45.485 5.736
(0303) Бланкенбург 6,03 6.550 1.086
(0304) Хајнерсдорф 3,95 6.580 1.666
(0305) Каров 6,65 18.258 2.746
(0306) Приградска населба Малхов             5,68 1.166 205
(0307) Панков 5,66 55.854 9.868
(0308) Бланкенфелде 13,40 1.917 144
(0309) Бух 18,20 13.188 727
(0310) Френцезиш Буххолц 12,00 18.766 1.560
(0311) Нидершенхаузен 6,49 26.903 4.145
(0312) Розентал 4,90 8.933 1.823
(0313) Вилхелмсру 1,37 7.216 5.267


(04) Шарлотенбург-Вилмерсдорф
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0401) Шарлотенбург 10,60 118.704 11.198 Окружна карта на Шарлотенбург-Вилмерсдорф
(0402) Вилмерсдорф 7,16 92.815 12.963
(0403) Шмаргендорф 3,59 19.750 5.501
(0404) Груневалд 22,30 10.014 448
(0405) Вестенд 13,50 37.883 2.800
(0406) Шарлотенбург-Север                         6,20 17.327 2.795
(0407) Халензе 1,27 13.966 10.997


(05) Шпандау
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0501) Шпандау 8,03 33.433 4.164 Окружна карта на Шпандау
(0502) Хазелхорст 4,73 13.668 2.891
(0503) Зименсштат 5,66 11.388 2.012
(0504) Штакен 10,90 41.470 3.810
(0505) Гатов 10,10 3.908 386
(0506) Кладов 14,80 13.628 922
(0507) Хакенфелде 20,40 26.337 1.292
(0508) Фалкенхагенер Фелд                         6,88 34.778 5.056
(0509) Вилхелмсштат 10,40 37.080 3.558


(06) Штеглиц-Целендорф
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0601) Штеглиц 6,79 70.555 10.391 Окружна карта на Штеглиц-Целендорф
(0602) Лихтерфелде                                       18,20 78.338 4.300
(0603) Ланквиц 6,99 40.385 5.778
(0604) Целендорф 18,80 57.902 3.075
(0605) Далем 8,39 14.966 1.784
(0606) Николасзе 19,60 15.899 811
(0607) Ванзе 23,70 9.044 382


(07) Темпелхоф-Шенеберг
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0701) Шенеберг                                       10,60 116.743 11.003 Окружна карта на Темпелхоф-Шенеберг
(0702) Фриденау 1,65 26.736 16.204
(0703) Темпелхоф 12,20 54.382 4.458
(0704) Мариендорф 9,38 48.882 5.211
(0705) Мариенфелде 9,15 30.151 3.295
(0706) Лихтенраде 10,10 49.451 4.896


(08) Нојкелн
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0801) Нојкелн 11,70 154.127 13.173 Окружна карта на Нојкелн
(0802) Бриц 12,40 38.334 3.091
(0803) Буков 6,35 38.018 5.987
(0804) Рудов 11,80 41.040 3.478
(0805) Гропиусштат                                       2,66 35.844 13.475


(09) Трептов-Кепеник
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(0901) Алт-Трептов 2,31 10.426 4.513 Окружна карта на Трептов-Кепеник
(0902) Плентервалд 3,01 10.618 3.528
(0903) Баумшуленвег 4,82 16.780 3.481
(0904) Јоханистал 6,54 17.650 2.699
(0905) Нидершеневајде                           3,49 10.043 2.878
(0906) Алтглинике 7,89 26.101 3.308
(0907) Адлерсхоф 6,11 15.112 2.473
(0908) Бонсдорф 6,52 10.751 1.649
(0909) Обершеневајде 6,18 17.094 2.766
(0910) Кепеник 34,90 59.201 1.695
(0911) Фридрихсхаген 14,00 17.285 1.233
(0912) Рансдорф 21,50 8.891 414
(0913) Гринау 9,13 5.482 600
(0914) Мигелхајм 22,20 6.350 286
(0915) Шмеквиц 17,10 4.117 240


(10) Марцан-Хелерсдорф
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(1001) Марцан 19,50 102.398 5.240 Окружна карта на Марцан-Хелерсдорф
(1002) Бисдорф 12,40 24.543 1.973
(1003) Каулсдорф 8,81 18.732 2.126
(1004) Малсдорф 12,90 26.852 2.075
(1005) Хелерсдорф                                         8,10 72.602 8.963


(11) Лихтенберг
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(1101) Фридрихсфелде 5,55 50.010 9.011 Окружна карта на Лихтенберг
(1102) Карлсхорст 6,60 21.329 3.232
(1103) Лихтенберг 7,22 32.295 4.473
(1104) Фалкенберг 3,06 1.164 380
(1106) Малхов 1,54 450 292
(1107) Вартенберг 6,92 2.433 352
(1109) Ној-Хоеншенхаузен                   5,16 53.698 10.407
(1110) Алт-Хоеншенхаузен 9,33 41.780 4.478
(1111) Фенпфул 2,12 30.932 14.591
(1112) Румелсбург 4,52 17.567 3.887


  • Броевите 1105 и 1108 (овој за поранешната населба Хоеншенхаузен) не се доделени
(12) Рајникендорф
Населба Површина
(км2)
Население
(2008)
Густина
(жит/км2)
Карта
(1201) Рајникендорф 10,50 72.859 6.939 Окружна карта на Рајникендорф
(1202) Тегел 33,70 33.417 992
(1203) Конрадсхее 2,20 5.997 2.726
(1204) Хајлигензе 10,70 17.641 1.649
(1205) Фронау 7,80 17.025 2.183
(1206) Хермсдорф 6,10 16.503 2.705
(1207) Вајдманслуст 2,30 10.022 4.357
(1208) Либарс 5,00 4.915 983
(1209) Витенау 5,87 22.696 3.866
(1210) Меркишес Фиртел                             3,20 35.206 11.002
(1211) Борзигвалде                             2,03 6.432 3.168


Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]