Околуцветник
Изглед

Околуцветник (латински: perianthium) или цветна обвивка — претставува стерилен дел од цветот, чија главна улога е заштита на понежните репродуктивни органи — прашниците и толчниците (плодниците).
Елементите што го сочинуваат околуцветникот се нарекуваат околуцветни ливчиња (лат. tepal) или околуцветни сегменти. Најчесто, околуцветникот е составен од два круга ливчиња: надворешните, кои обично се зелени, се нарекуваат чашкини ливчиња (лат. sepala) и ја образуваат чашката, додека внатрешните обоени лисја се нарекуваат венечни ливчиња (лат. pétalum), создавајќи го внатрешниот круг — венчето. Меѓутоа, постојат и намалени околуцветници, кај кои е отежнато разликувањето меѓу чашкените и венечните ливчиња.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Градба на цвет“. Андријана Димитров. Архивирано од изворникот на 2025-03-29. Посетено на 2025-03-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Околуцветник“ на Ризницата ? |