Оклопен Баталјон Т-72

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оклопен Баталјон Т-72
Знакот на Оклопниот Баталјон Т-72
Знак на Оклопен Баталјон
Оклопен Баталјон
Основање 19.12.2001
Статус Активен
Опрема Т-72

ИСТОРИЈА[уреди | уреди извор]

1. На 02.06.1993 формирана е првата тенковска единица (Центар за обука на родот ОМЕ), со пет тенка Т-34, во составот на 1. гардиска бригада, која е наменета за обука на редовниот војнички состав.

2. На 06.09.1999 година формиран е оклопен батаљон Т-55, со средства кои беа донирани од Р. Бугарија и Р. грција.

3. На 19.12.2001 година оклопниот батаљон Т-55 прераснува во оклопен батаљон Т-72 „А“, кој е опремен со средства купени од Украина.

4. Со трансформацијата на АРМ, на ден 14.04.2006 година оклопниот батаљон Т-72 се трансформира во оклопен батаљон Т-72 „Б“.

МИСИЈА[уреди | уреди извор]

Да се оспособат и подготват, војниците, старешините и единиците за одбрана и заштита на територијалниот интегритет, независноста и суверенитет на Република Македонија од сите можни закани, како и во справување со природни непогоди и други несреќи. Со примена на стандарди и по наредба на ЗОК (како стратегиска резерва) да изврши марш и изведува мобилни, комбинирани, одбранбени и нападни операции во зоната на одговорност. Да изврши обезбедување на објекти од стратегиско значење.

Припадници на Оклопниот Баталјон и тенкот Т-72

Во моментов единицата располага со 31 тенк, кој по влегувањето на република Макдедонија во НАТО ќе бидат повлечени според барањата на НАТО.Со тоа Македонија ќе остане без тенкови и тенковски единици.

СУШТИНСКИ ЗАДАЧИ[уреди | уреди извор]

1. Организација и изведување на дефанзивни, офанзивни и специјални операции во сите услови.

2. Спроведување на командување и контрола.

3. Плански, организиран и правовремен оперативен развој и маневар.

4. Поседнување на планираните локации и реони.

5. Организација на тактичко разузнување и заштита на силите.

6. Обука на персоналот и изведување на ТВ и ТВБГ на ниво посада-вод-чета.

7. Подготовка и оспособување на силите за давање помош во случаи на природни непогоди и други несреќи.

8. Обезбедување на објекти од стратегиско значење

Поврзано[уреди | уреди извор]