Ока (мера)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ока (турски: okka) – стара мерка за тежина – 1282 грама.[1] Оката била единица за маса во Османлиското Царство, која одговарала на 400 дирхеми (османлиски драм). Нејзината вредност не била постојана, но во подоцниот период на царството била стандардизирана на 1,282945 килограми.[2][3]

Османлиското Царство било една од 17 држави потписници на Метарската конвенција одржана на 20 мај 1875 година, со која се усвоил метарскиот систем[4]. Со тоа и во областите на Балканот под османлиска власт, вклучувајќи ја и Македонија, бил воведен метарскиот систем. Заради конфузијата што настанала, Османлиското Царство истапило од конвенцијата во 1894 година, а Турција ѝ пристапила во 1933 година.[5]

Во Турција, традиционалната единица се нарекува ески ока (стара ока) или кара ока, односно црна ока, додека јени ока (нова ока) всушност е килограм.[6]

Во Кралството Југославија во делот кој пред Првата светска војна бил под османлиска власт се користела оката како мера. На 25 декември 1929 година, Југославија ѝ пристапила на Метарската конвенција[5], но оката и понатаму неофицијално се користела.

Во Грција, зборот ока (οκά, множ. οκάδες) била стандардизирана единица за маса од 1,282 кг и се одржала во употреба сѐ до 31 март 1953 година кога биле укинати сите традиционални единици.[7] Во Грција метричкиот систем бил усвоен во 1876 година, но сè до 1953 година старите единици останале во употреба.[8] На Кипар, оката останала во употреба сѐ до 1980-тите години.

Во Египет, монетарната ока тежеле 1,23536 кг, додека во Триполитанија (денес Либија) изнесувала 1,2208 кг, односно 2,5 артали.

Оката исто така била и единица за зафатнина. Во Влашка, таа изнесувала 1,283 литри односно 1,537 л жито (сува материја). Во Грција, ока маслиново масло изнесувала 1,280 кг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ока“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Brittanica, 1911
  3. Halil Inalcik: An Economic and Social History of the Ottoman Empire, Volume 1, Cambridge University Press, 1997. ISBN 9780521574563
  4. „Metric Convention of 1875“. US Metric Association. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  5. 5,0 5,1 Istorijat mjeriteljstva u BIH
  6. Diran Kélékian, Dictionnaire Turc-Français, Constantinople: Imprimerie Mihran, 1911.
  7. Γ. Μπαμπινιώτης (Babiniotis), Λεξικό της Νέας Ελληνικής Γλώσσας, Atina, 1998. ISBN 9789608975156
  8. Enciklopedija Britannica, 11. izd. 1911

Литература[уреди | уреди извор]

  • A.D. Alderson, Fahir İz, The Concise Oxford Turkish Dictionary, 1959.