Ожнеј го дивиот ветар (филм од 1942)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика од екранот на Реј Миланд и Полет Годард од трејлерот за филмот Ожнеј го дивиот ветар

Ожнеј го дивиот ветар (англиски: Reap the wild wind) – американски филм од 1942 година, во режија на Сесил Б. Демил. Главните улоги ги играат: Реј Миланд, Џон Вејн, Полет Годар, Рејмонд Мејси, Роберт Престон и Сузан Хаувард. Филмот претставува очигледен пример на филмската естетика на Демил – возбудлив, раскошен, мелодраматичен и визуелно богат спектакл, исполнет со неверојатни сцени, како што е борбата со џиновската лигна, поради што филмот бил награден со „Оскар“ за специјални ефекти. Во 1942 година, кога филмот бил премиерно прикажан, Џон Вејн бил наведен како трет на најавната шпица, но при повторното пркажување на филмот, во 1954 година, неговото име било наведено како прво на плакатот.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Флорида, во 19 век. Кинг Катлер (го игра Мејси) води фирма специјализирана за спасување на бродовите што претрпеле бродолом. Редовно, тој се наоѓа прв на местото на несреќата, а всушност тој ги предизвикува саботажите. И Локси Клејборн (ја игра Годард) води таква фирма. Еднаш, капетанот Џек Стјуарт (го игра Вејн) доживува бродолом, а Локси го спасува и го вдомува во својата куќа. Меѓу нив се развива љубов, но Џек е загрижен дека поради бродоломот не ќе може да го оствари својот сон – да заповеда со големиот брод „Кужен крст“. Локси го препорачува Џек кај неговиот шеф Стив Толивер (го игра Миланд), кој веднаш фрла око на неа. Така настанува љубовен триаголник со бурни последици...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HRT (пристапено на 25.10.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-05. Посетено на 2017-11-03.
  2. „HRT (пристапено на 25.10.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-05. Посетено на 2017-11-03.