Од далеку (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Од далеку (шпански: Desde allá) - венецуелски филм од 2015 година на режисерот Лоренцо Вигас. Главните улоги ги играат: Алфредо Кастро и Луис Силва. Во 2015 година, филмот се закитил со наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.[1]

Лоренцо Вигас

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот е сместено во сиромашните предградија на Каракас. Осамениот педесетгодишен протетичар Армандо (го игра Кастро) е стар перверзник кој се задоволува така што изнајмува млади момчиња кои голи позираат во неговиот стан. Во детството, Армандо бил сексуално злоупотребуван од неговиот татко. Еднаш, Армандо му плаќа пари на Елдер (го игра Силва) - диво, седумнаесетгодишно улично момче кому суровоста му е секојдневие, а ситниот криминал и тепачките му се начин на комуникација. Наместо сексуално задоволување, Армандо добива ќотек од Елдер, но Армандо е упорен и успева да го добие тоа што го посакува. Постепено, нивниот однос меѓу клиенти прераснува во страсна љубов во која Елдер за првпат се соочува со внимание и нежност, а Армандо наоѓа начин да ја реализира својата потреба за наследник.[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Игор Иванов, „Од далеку“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 130.
  2. Игор Иванов, „Од далеку“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 130-131.
  3. IMDb, From Afar (2015) (пристапено на 26.12.2015)