Од Атлантида до сфингата
| Податотека:FromAtlantisToTheSphinx.jpg | |
| Автор | Колин Вилсон |
|---|---|
| Земја | Обединето Кралство |
| Јазик | Англиски |
| Предмет(и) | Големата сфинга во Гиза |
Издадена | 1996 |
| Страници | 294 |
| ISBN | 1-85227-526-X |
| OCLC | 35205669 |
Од Атлантида до сфингата: Обновување на изгубената мудрост на античкиот свет е книга од 1996 година за Големата сфинга во Гиза од британскиот автор Колин Вилсон. Вилсон сметал дека сфингата била изградена од технолошки напреден народ „речиси 10.000 години пред датирањето на египтолозите“ од истите луѓе кои ги дале плановите за изградба на пирамидите во Египет, Централна и Јужна Америка.[1]
Резиме
[уреди | уреди извор]Книгата ја истражува врската помеѓу астрономијата и митологијата, тврдејќи дека античкиот човек користел „месечево знаење“ (интуиција) наспроти „сончевото знаење“ (логика) на современиот човек за да го толкува универзумот, и затоа поседувал сосема поинаков менталитет од оној на денешниот човек. Вилсон сметал дека погледот на античкиот човек се темелел врз „гледање на целосната слика“, а не на логичко разложување на универзумот на неговите составни делови.
Вилсон ја развивал оваа идеја за цивилизации засновани врз месечевото знаење заедно со астрономијата за да ги објасни монументалните и навидум спонтани достигнувања на античките култури како што е Пирамидалниот комплекс во Гиза во Египет.
Вилсон тврдел дека суштинската слабост на „Златната гранка“ од Џејмс Џорџ Фрејзер е тоа што Фрејзер ги припишувал фундаменталните митолошки системи на почетоците на земјоделските култури, поточно на плодноста. Вилсон сметал дека митологијата настанала пред да се развијат културите кои ја ценат плодноста, поврзувајќи ги фундаменталните митови со астрономски појави како што е прецесијата на рамноденицата.
Главните забелешки на Вилсон се дека нашите древни предци пред хомо сапиенс поседувале интелигенција еднаква на онаа на современиот човек, а нивниот очигледен недостаток на технолошки достигнувања се објаснува со тоа што технологијата не била потребна. Со текот на времето, се развил пологичен и подетален менталитет, што довело до особините што ги обележуваат модерните цивилизации.
Прием
[уреди | уреди извор]Книгата „Атлантида и сфингата“ добила мешана рецензија од Норман Малвиц во „Лајбрари џурнал“. За книгата била исто така објавена рецензија и од Џон Мичел во „Спектатор“.
Малвиц ја опишал тезата на Вилсон како „невообичаена“, но му ја припишал заслугата за тоа што неговите теории ги изнел на „трезвен и читлив начин“. Тврдењето на Вилсон дека сфингата покажува знаци на оштетување од вода и е многу постара отколку што се смета, тој го сметал за негова најинтересна и најверодостојна изјава. Тој ја споредил книгата со „Змија на небото“ (1979) од Џон Ентони Вест.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Graham, Mark (6 November 1997). „Book Thickens the Riddle of the Sphinx“. Rocky Mountain News. Denver, Colorado. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 2015-08-02.