Одбојкарска топка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Одбојкарска топкатопка со која се игра одбојка во сала и одбојка на песок. Топките за овие спортови и покрај визуелната сличност имаат некои различни одлики.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата официјална одбојкарска топка ја направила компанијата Спалдинг. Според некои извори тоа било во 1896 година, додека според други, првата официјална одбојкарска топка била направена во 1900 година.[1] Таа топка била направена од три слоја. Првиот слој бил гумен меур за кој била користена истата гума како за гума за велосипед. Вториот слој, со кој бил обвиен првиот, бил од материјал сличен на газа. Третиот слој бил составен од неколку делови сошиени заедно. Ваквиот дизајн овозможувал топката да биде со мала тежина, лесна за играње и лесно движење во воздухот. Топката низ историјата се менувала во согласност со новите правила кои биле носени.

Одлики на денешните топки[уреди | уреди извор]

Топка за одбојка во сала на производителот Молтен

Топката која се користи за одбојка во сала може да биде чисто бела по боја или да биде комбинација од две или три различни бои. Тие комбинации најчесто се сина бојасина и жолта бојажолта, како и црвена бојацрвена, бела и зелена бојазелена. Се изработуваат во две основни големини: топка за помлади категории, која е многу полесна од топката која се користи во сениорската одбојка, и стандардна одбојкарска топка . Стандардната одбојкарска топка е иста и за машка и за женска одбојка, и според правилата, истата треба да има обем од 65 до 67 сантиметри, маса од 260 до 280 грама, и внатрешен притисок од 0,3 до 0,325 [[атмосфера (единица)|атмосфери[2]. Топката за помладите категории има обем од 63 до 65 сантиметри, маса од 200 до 220 грама и притисок од 0,3 атмосфери. Надворешниот слој на топката може да биде од флексибилна кожа или синтетика, а внатрешната комора од гума или сличен материјал.

Топките за одбојка на песок се нешто поголеми од топките за одбојка во сала. Имаат погруба површина и помал внатрешен притисок. Треба да се обоени со светли бои или да бидат бели. Правилата налагаат обемот на топката да биде од 66 до 68 сантиметри, масата 240 до 260 грама, а внатрешниот притисок од 0,175 до 0,225 атмосфери.[3] Материјалот од кој се изработени најчесто е истиот како и за топките за одбојка во сала.

Производители на топки[уреди | уреди извор]

Топка за одбојка на песок на производителот Микаса

Компанијата Спалдинг која ја направила првата одбојкарска топка и понатаму произведува топки за официјална употреба. Покрај нив, најпознати производители на одбојкарски топки се: Тахикара, Коско, Молтен, Вилсон, Микаса, Мизуно, Најки, Индпро, Баден и Вилсон Квик Сенд.

Микаса е официјален производител на топки кои се користат на натпреварите во организација и под закрила на Меѓународната одбојкарска федерација (FIVB), и за одбојка во сала и за одбојка на песок. Молтен је производител на топки кои се користат на натпреварите во одбојка во организација и под закрила на Одбојкарската федерација на САД, додека Вилсон произведува топки за натпреварите во одбојка на песок во организација на Асоцијацијата на одбојкарски професионалци.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]