Одблесоци
„Одблесоци“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1955 година, како издание на „Кочо Рацин“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката ги содржи следниве песни:[1]
- „Минута“
- „Разговор“
- „Претпразнична“
- „Се сретнавме“
- „Спомен“
- „Ќе си речеме“
- „Довикувања“
- „Рибарска“
- „Кога зајдува сонцето“
- „На залез“
- „Раѓање“
- „Свидетели“
- „Бура“
- „Заборавив“
- „Желба“
- „Денеска молкум“
- „Замина“
- „Лист исушен ќе падне...“
- „Убиец“
- „Циганка“
- „Низ прозорец“
- „Крај патот“
- „Наслутувања“
- „Игра“
- „Ветер“
- „Облак“
- „Дрво“
- „Камен“
- „Ѕид“
- „Тага“
- „Нож“
Осврт кон делото
[уреди | уреди извор]Во освртот кон книгата, Слободан Мицковиќ нагласува дека првата стихозбирка на Поповски се појавиле во времето кога во македонската книжевност се воделе бурни полемики околу потребата од модернизација на поетскиот израз. Книжевната критика ја оценила збирката како прв, најавувачки обид на поетот кој, сепак, не донесол позначајни поетски резултати, иако збирката донела одредени иновации во македонската поезија од тоа време. Во прв ред, таа е насочена кон нешто што не е директно искажано (светлината), туку кон одблесокот како нејзината видоизменета појавност, односно збирката прави кроки на еден свет кој не постои во континуум, кој не е покажан како слика на реалноста, туку како поетска интеграција која гради сопствениот свет, и тоа не како директно сликање на светот околу себе, туку во своите чувствувања и доживувања на светот. И во поетскиот исказ на Поповски е присутна одредена иновација – тој е опредметен како импресионистичко согледување на сѐ околу себе (што е сугерирано на нивото на сетилноста), односно во сите песни се трага по непостојаноста.[2]