Голема Црвена Дамка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Огромна Црвена Дамка)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Closer view of the Great Red Spot
Големата Црвена Дамка видена од вселенското летало Јунона, во април 2018 година

Големата Црвена Дамка е постојано подрачје под висок притисок во атмосферата на Јупитер, кое ја предизвикува најголемата антициклонска бура во Сончевиот систем. Се наоѓа на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер, и се развива ветар со брзина до 432 km/h. Се верува дека ова е истата бура што ја забележале астрономите од 1665 до 1713 година, и ако ова е така, таа постои најмалку 356 години.[1] Потоа била забележана во септември 1831 година, и од тогаш до 1878 година била забележана уште 60 пати, од кога започнале континуираните набљудувања.[2] [3]

Историја на набљудување[уреди | уреди извор]

Поглед на Јупитер и неговата Големата Црвена Дамка. Слика направена од Војаџер 1 во 1979 година. Белата овална бура веднаш под Големата Црвена Дамка има дијаметар приближно еднаков на Земјата.
Временска секвенца од приближувањето на Војаџер 1 до Јупитер, при што се гледа движењето на атмосферските појаси и виулицата во Големата Црвена Дамка. Слика од НАСА .

Не може со голема веројатност да се одреди од кога постои Големата Црвена Дамка. Таа можеби постоела и пред 1665 година, но исто така може сегашнава дамка на Јупитер да била за првпат видена дури во 1830 година, а добро проучена дури по јасното појавување во 1879 година. Бурата што била видена во 17 век можеби била поинаква од денешната.[4] Постои долг временски јаз од нејзиното забележување во 1830 година и откритието во 17 век. Постојат многу малку докази кои би ја поврзале првата видена дамка на Јупитер со онаа што денес ја знаеме како Големата Црвена Дамка.[5]

За прв човек кој ја здогледал Големата Црвена Дамка се смета Роберт Хук, кој опишал дамка на планетата во мај 1664 година. Но, можно е дамката која ја забележал Хук да била во друг појас (Северниот екваторијален појас, за разлика од сегашната местоположба на Големата Црвена Дамка во Јужниот екваторијален појас). Многу поубедлив е описот на Џовани Касини за „постојана дамка“ следната година.[6] Дамката на Касини била забележувана од 1665 до 1713 година, меѓутоа јазот од 118-години ги тера астрономите да се сомневаат дека се работи за истата дамка. Првобитната дамка била забележувана во пократко време и поспорото кружно движење од сегашната дамка го отежнува донесувањето заклучок дали се работи за истата дамка. [7]

Има мала нејаснотија во врска со дамка на Јупитер прикажана на слика од Донато Крети од 1711 година, изложена во Ватикан.[8] [9] Како дел од серијата панели во кои различни (зголемени) небесни тела служат како позадина за различни италијански сцени, и сите надгледувани од астрономот Евстахио Манфреди за точноста, сликата од Крети е прва слика која ја прикажува Големата Црвена Дамка како црвена. Ниту една јупитерова карактеристика не била експлицитно опишана во писмена форма како црвена пред крајот на 19 век.[9]

Големата Црвена Дамка била забележувана од 5 септември 1831 година. До 1879 година била видена над 60 пати. [2] Откако стекнала популарност во 1879 година, почнала континуирано да се набљудува.

Во 21 век, Големата Црвена Дамка почнала да се стеснува. На почетокот на 2004 година, имала приближно половина од пречникот што го имала пред еден век, кога достигнала ширина од 40.000 км, околу три пати поголема од пречникот на Земјата. Со тековната стапка на стеснување, таа до 2040 година ќе стане округла. Не се знае колку долго ќе трае дамката, ниту дали промената е резултат на нормални флуктуации.[10] Во 2019 година, Големата Црвена Дамка почнала да се „лупи“ по рабовите, при што делови од бурата се откинувале и се распаѓале.[11] Поради стеснувањето и „лупењето“ некои астрономи биле загрижени дека Големата Црвена Дамка би можела да исчезне за 20-тина години. Но, други астрономи веруваат дека видливата големина на Големата Црвена Дамка ја одразува нејзината покриеност со облаци, а не големината на вистинскиот, основен вител, и тие исто така веруваат дека појавата на лупење може да се објасни со замното дејство со други циклони или антициклони, како и нецелосно впивање на помали системи; ако е така, тоа би значело дека нема опасност дека Големата Црвена Дамка ќе ја снема.[12]

Помала точка, означена како Овална БА, која се формирала во март 2000 година преку спојување на три бели овали, [13] добила црвеникава боја. Астрономите на 5 јуни 2006 година ја нарекле Мала Црвена Дамка или Црвен Јуниор. Се чинело дека Големата Црвена Дамка и Овалната БА се приближуваат за да се спојат.[14] Бурите се одминувале една од друга на секои две години, но одминувањата во 2002 и 2004 година биле малку позначајни. Ејми Сајмон-Милер, од Центарот за вселенски летови Годард, предвидела дека бурите ќе се доближат најблиску на 4 јули 2006 година. Таа работела со Имке де Патер и Фил Маркус од Универзитетот Калифорнија во Беркли и тим од професионални астрономи од април 2006 година за да ги проучуваат бурите со помош на вселенскиот телескоп Хабл; на 20 јули 2006 година, двете бури биле фотографирани од Опсерваторијата Близнаци како поминуваат една до друга без да се спојат.[15] Во мај 2008 година, трета бура на Јупитер поцрвенала.

Големата Црвена Дамка не треба да се меша со Големата Tемна Точка, карактеристика забележана во близина на северниот пол на Јупитер во 2000 година од вселенското летало Касини-Хајгенс.[16] И во атмосферата на Нептун има слична карактеристика, исто така наречена Голема темна дамка. Нептуновата темна дамка била снимена од Војаџер 2 во 1989 година и се претпоставува дека можеби била атмосферска дупка наместо бура. Ја снемало во 1994 година, иако слична дамка се појавила посеверно.

Одблиску на Големата Црвена Дамка преземена од околу 5,000 милјаs (8,000 kм) над него (11 јули 2017)

Истражување[уреди | уреди извор]

На 25 февруари 1979 година,[17] кога вселенското летало Војаџер 1 било на 9.200.000 километри од Јупитер, ја пратило првата детална слика од Големата Црвена Дамка. Биле видливи мали облачиња до 160 км. Шарената, брановидна структура од облаци што се гледа лево (западно) од Големата Црвена Дамка е подрачје со исклучително сложено и променливо браново движење.

Вселенското летало Јунона, кое влегло во поларна орбита околу Јупитер во 2016 година, откако му се приближило на Јупитер на 11 јули 2017 година, прелетало врз Големата црвена Дамка и направило неколку слики од бурата на растојание од околу 8.000 км над површината.[18] [19] Во текот на мисијата Јунона, леталото ќе продолжело да го проучува составот и еволуцијата на атмосферата на Јупитер, особено неговата Голема Црвена Дамка.[18]

Структура[уреди | уреди извор]

Приближна споредба на големината на Земјата и Големата Црвена Дамка.

Големата Црвена Дамка на Јупитер ротира спротивно од стрелките на часовникот, за период од околу шест земјини дена [20] или четиринаесет Јупитерови дена. На 3 април 2017 година измерената ширина на Големата Црвена Дамка била 16.350 км, што значи дека нејзиниот дијаметар е за 1,3 пати поголем од оној на Земјата.[18] Облаците од оваа бура се издигнуваат на околу 8 км над околните облаци.[21]

Според прибавените инфрацрвени податоци Големата Црвена Дамка е постудена (а со тоа и на повисока кота) од повеќето други облаци на планетата.[22] Меѓутоа, горната атмосфера над бурата има значително повисоки температури од остатокот на планетата. Ова загревање на највисокото подрачје се објаснува со тоа што е предизвикано од акустични (звучни) бранови кои се издигнуваат од турбуленциите на невремето во долниот дел. [23]

Преку внимателно следење на карактеристиките на атмосферата, во далечната 1966 година се открило дека Големата Црвена Дамка ротира спротивно од стрелките на часовникот, што било потврдено и од снимките од леталото Војаџер. [24] На јужниот раб од дамката има млазна струја кога тече кон исток, и многу посилна млазна струја на северниот раб која се движи кон запад.[25] Иако ветровите околу работ на дамката можат да достигнат брзина до 432 km/h, се чини дека струењето во внатрешноста како да го нема, со мали придвижувања кон внатре и нанадвор. [26] Со текот на времето, времето за кое ротира дамката се намалува, можеби како директен резултат на неговото постојано смалување.[27]

Географската ширина на Големата Црвена Дамка е стабилна за целото време на набљудување, и обично варира за околу еден степен. Неговата географска должина, сепак, постојано се менува.[28] Бидејќи Јупитер не ротира подеднакво на сите географски широчини, астрономите дефинирале три различни системи за дефинирање на географската должина. Системот II кој се користел за географски ширини од повеќе од 10 степени и прво се базирал на просечниот период на ротација на Големата Црвена Дамка од 9 часа 55 м 42 с. И покрај ова, сепак, дамката ја обиколила планетата во Систем II најмалку 10 пати од почетокот на деветнаесеттиот век. Нејзината стапка на придвижување се менува во голема мера со текот на годините и е поврзана со осветленоста на Јужниот екваторијален појас и присуството или отсуството на Јужно тропско нарушување.[29]

Боја и состав[уреди | уреди извор]

Од горе лево (во насока на стрелките на часовникот): Слика на видливиот спектар од Хабл; инфрацрвена слика од опсерваторијата Близнаци ; композит од повеќе бранови должини на податоци од Хабл и Близнаци кои покажуваат видлива светлина во сина и топлинска инфрацрвена боја во црвено; ултравиолетова слика од Хабл; детали од видлива светлина

Не е познато што ја предизвикува црвеникавата боја на Големата Црвена Дамка. Хипотезите поткрепени со лабораториски експерименти претпоставуваат дека може да е поради хемиските смеси создадени со сончевото ултравиолетово зрачење на амониум хидросулфид и органското соединение ацетилен, при што се формира црвеникав материјал - сложени органски соединенија наречени толини. [30] Големата висинска кота на соединенијата исто така може да биде причината за ваквото обојување. [31]

Нијансите на Големата црвена дамка варираат од речиси тула-црвена до бледа-лосос или дури и бела боја. Дамката понекогаш исчезнува, и може да се види само преку Шуплината на црвената дамка, која се наоѓа на нејзиното место во Јужниот екваторијален појас (ЈЕП). Очигледно, можноста да се види е поврзана со ЈЕП; кога појасот е светло бел, дамката тежнее да стане потемна, а кога ЈЕП е темен, дамката обично е светла. Овие периоди кога дамката е темна или светла се случуваат во неправилни интервали; од 1947 до 1997 година, дамката била најтемна во периодите 1961–1966, 1968–1975, 1989–1990 и 1992–1993 година.[5]

Механичка динамика[уреди | уреди извор]

Нема општоприфатена теорија за тоа што го предизвикува создавањето или бојата на Големата Црвена Дамка. Лабораториските студии ги испитуваат ефектите што космичките зраци или УВ светлината од Сонцето ги имаат врз хемискиот состав на облаците на Јупитер. Се поставува прашањето дали зрачењето од Сонцето реагира со амониум хидросулфидот во надворешната атмосфера на Јупитер за да се создаде темноцрвена боја.[32] Истражувањата наведуваат дека бурата создава огромни количини на гравитациски бранови и акустични бранови, поради турбуленциите во бурата. Акустичните бранови патуваат по вертикала нагоре до висина од 800 км над бурата каде што се пробиваат во горната атмосфера, претворајќи ја брановата енергија во топлина. Поради ова регионот во горната атмосфера има температура од 1,600 K (1,330 °C; 2,420 °F) што е за неколку стотици Келвини потопла од остатокот на планетата на ваква висинска кота.[33] Ефектот е опишан како „плискање [...] на океански бранови на плажа“.[34] Причината за опстанокот на бурата (која трае со векови) е што Јупитер нема планетарна површина (само течно јадро од водород) која преку физичко триење би го спречила овој процес; гасните вртлози опстојуваат многу долго во атмосферата бидејќи нема нешто што би се спротивставило на нивниот аголен моментум.[35]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Staff (2007). „Jupiter Data Sheet – SPACE.com“. Imaginova. Посетено на 2008-06-03.
  2. 2,0 2,1 Denning, William Frederick (June 1899). „Early history of the great red spot on Jupiter“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (англиски). Royal Astronomical Society. 59 (10): 574. Bibcode:1899MNRAS..59..574D. doi:10.1093/mnras/59.10.574. Посетено на 23 September 2020.
  3. Chang, Kenneth (2017-12-13). „The Great Red Spot Descends Deep Into Jupiter“. The New York Times. Посетено на 2017-12-15.
  4. Karl Hille (2015-08-04). „Jupiter's Great Red Spot: A Swirling Mystery“. NASA. Посетено на 2017-11-18.
  5. 5,0 5,1 Beebe (1997), 38-41.
  6. Rogers (1995), 6.
  7. Rogers (1995), 188.
  8. Staff (2003). „Donato Creti, Astronomical observations“. Musei Vaticani. Vatican Museums. Посетено на 2019-12-16.
  9. 9,0 9,1 Hockey (1999), 40-1.
  10. Beatty, J. Kelly (2002). „Jupiter's Shrinking Red Spot“. Sky and Telescope. 103 (4): 24. Посетено на 2007-06-21.
  11. Paul Scott Anderson (10 June 2019). „Is Jupiter's Great Red Spot disintegrating?“. EarthSky. Посетено на 2 July 2019.
  12. Philip Marcus (26 November 2019). „Jupiter's Great Red Spot may not be disappearing“. Astronomy. Посетено на 25 December 2020.
  13. Sanchez-Lavega, A.; и др. (February 2001). „The Merger of Two Giant Anticyclones in the Atmosphere of Jupiter“. Icarus. 149 (2): 491–495. Bibcode:2001Icar..149..491S. doi:10.1006/icar.2000.6548.
  14. Phillips, Tony. „Huge Storms Converge“. Science@NASA. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 2007-01-08.
  15. Michaud, Peter. „Gemini Captures Close Encounter of Jupiter's Red Spots“. Gemini Observatory. Посетено на 2007-06-15.
  16. Phillips, Tony. „The Great Dark Spot“. Science at NASA. Архивирано од изворникот на 2007-06-15. Посетено на 2007-06-20.
  17. Smith et al (1979), 951-972.
  18. 18,0 18,1 18,2 Perez, Martin (2017-07-12). „NASA's Juno Spacecraft Spots Jupiter's Great Red Spot“. NASA (англиски). Посетено на 2017-07-16.
  19. Chang, Kenneth (2016-07-05). „NASA's Juno Spacecraft Enters Into Orbit Around Jupiter“. The New York Times. Посетено на 2017-07-12.
  20. Smith et al (1979), 954.
  21. Jupiter, the Giant of the Solar System. The Voyager Mission. NASA. 1979. стр. 5.
  22. Rogers (1995), 191.
  23. O’Donoghue, J.; Moore, L.; Stallard, T. S.; Melin, H. (27 July 2016). „Heating of Jupiter's upper atmosphere above the Great Red Spot“. Nature. 536 (7615): 190–192. doi:10.1038/nature18940. PMID 27462811. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  24. Rogers (1995), 194-6.
  25. Beebe (1997), 35.
  26. Rogers (1995), 195.
  27. Rogers, John. „Interim reports on STB (Oval BA passing GRS), STropB, GRS (internal rotation measured), EZ(S. Eq. Disturbance; dramatic darkening; NEB interactions), & NNTB“. British Astronomical Association. Посетено на 2007-06-15.
  28. Reese, Elmer J.; Solberg, H. Gordon (1966). „Recent measures of the latitude and longitude of Jupiter's red spot“. Icarus. 5 (1–6): 266–273. Bibcode:1966Icar....5..266R. doi:10.1016/0019-1035(66)90036-4. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  29. Rogers (1995), 193.
  30. Loeffer, Mark J.; Hudson, Reggie L. (2018). „Coloring Jupiter's clouds: Radiolysis of ammonium hydrosulfide (NH4SH)“. Icarus. 302: 418–425. doi:10.1016/j.icarus.2017.10.041.
  31. „What makes Jupiter's Red Spot red?“. EarthSky. 2014-11-11. Посетено на 2019-03-13.
  32. „Jupiter's Great Red Spot: A Swirling Mystery“. NASA. August 4, 2015. Goddard scientists Mark Loeffler and Reggie Hudson have been performing laboratory studies to investigate whether cosmic rays, one type of radiation that strikes Jupiter’s clouds, can chemically alter ammonium hydrosulfide to produce new compounds that could explain the spot’s color.
  33. O’Donoghue, J.; Moore, L.; Stallard, T. S.; Melin, H. (27 July 2016). „Heating of Jupiter's upper atmosphere above the Great Red Spot“. Nature. 536 (7615): 190–192. doi:10.1038/nature18940. PMID 27462811. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  34. „Jupiter's Great Red Spot Likely a Massive Heat Source“. NASA. NASA. Посетено на 23 December 2018.
  35. „Jupiter's Atmosphere and Great Red Spot“. www.astrophysicsspectator.com. November 24, 2004.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]