Огнена лисица (филм од 1982)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Огнена лисица (англиски: Firefox) - американски филм од 1982 година, во режија на Клинт Иствуд, а според сценариото на Алекс Ласкер (Alex Lasker). Главните улоги ги играат: Клинт Иствуд (Clint Eastwood), Фреди Џонс (Freddie Jones), Дејвид Кауфман (David Kaufman), Ворен Кларк (Warren Clarke) итн.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Поранешниот воен пилот Мајкл Грант (го игра Иствуд) постојано се сеќава на војната во Виетнам. Поради тие трауми, тој е повлечен во мирен живот и не сака повеќе да лета, но повторно се активира кога му нудат да го грабне најновиот советски авион, „МИГ-31“. Со помош на тајните служби, тој оди во Москва, каде се поврзува со група дисиденти, кои му помагаат да стигне во воената база и да го грабне авионот. Отккао ќе направи лажен маневар, тој се упатува кон Арктикот, каде го чека американска подморница којашто му овозможува да го наполни авионот со гориво. Сепак, еден советски авион е во потрага по него, но со вешти маневри Грант успева да му побегне и да го уништи.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.hrt.hr (пристапено на 3.3.2107)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-07. Посетено на 2017-03-06.
  2. „www.hrt.hr (пристапено на 3.3.2107)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-07. Посетено на 2017-03-06.