Огледалце, огледалце (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Огледалце, огледалце“
РежисерТарзем Синг
ПродуцентРајан Кавано
Берни Голдман
Брет Ратнер
Кевин Мишер
Главни улогиЛили Колинс
Џулија Робертс
Арми Хамер
Нејтан Лејн
Мари Винингам
Мајкл Лернер
Шон Бин
МузикаАлан Менкин
КинематографијаБрендон Галвин
МонтажаРоберт Дафи
Ник Мур
ДистрибутерRelativity Media (кино прикажување)
20th Century Fox Home Entertainment (ДВД издание)
Премиера30 март 2012 година
Времетраење106 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$85 million[1]
Бруто заработка$162,835,167[1]

Огледалце, огледалце е комично-фантастичен филм, режиран според бајката „Снежана“ од Браќата Грим. Филмот е во режија на Тарзем Синг, а во него настапуваат глумците Лили Колинс, Џулија Робертс, Арми Хамер, Натан Лејн и Шон Бин. Филмот има доста сличности и со повеста од Григориј Мекгваер, „Огледалце огледалце“.

Филмско дејство[уреди | уреди извор]

Мајката на Снежана починала кога таа се родила. Нејзиниот татко, Кралот (Шон Бин) ја одгледал Снежана за таа да може да владее со кралството еден ден. Поради чувството дека на Снежана ѝ е потребна мајка, кралот се оженил повторно. Неговата нова жена, Кралицата (Џулија Робертс), била најубавата жена во земјата. Еден ден кралот ги оставил за да се бори со големото зло што ја нападнало земјата, на Снежана и дал златна кама. Тој избегал во шумата и никогаш не се вратил. Кралицата го преземала престолот. Љубоморна и загрозена од преданоста на луѓето кон Снежана, кралицата одлучила дека Снежана мора да го направи она што снегот го прави најдобро, да се стопи.

Десет години подоцна Снежана (Лили Колинс) наполнила осумнаесет, но поголемиот дел од својот живот го поминува затворена во палатата. Кралицата не се грижи многу за неа, но Снежана сѐ уште е сакана од послугата во палатата, особено од страна на пекарката Маргарет, која се грижи за неа уште од исчезнувањето на Кралот. Маргарет ѝ кажува на Снежана дека кралството и припаѓа неа и дека таа треба да оди надвор и да види што се случува со нејзиниот народ. Снежана тогаш ги одбива наредбите на Кралицата, и ја напушта палатата, со намера да ја види состојбата во нејзиното кралство. Во шумата ги среќава принцот Ендру Алкот (Арми Хамер) и неговиот придружник Ренбок, кои биле ограбени од разбојници (седумте џуџиња). Таа и принцот покажуваат симпатии еден кон друг, но одат на различни страни. Снежана пристигнува во градот и ја гледа палатата (на која се сеќаваше на последната посета со нејзиниот татко), гледа дека е пуста, некогашните среќни луѓе сега се сиромашни, а сето тоа се должи на алчноста на Кралицата. Налутена дека Кралицата го уништила сето она за кое што работел нејзиниот татко, Снежана одлучува да му помогне на кралството и да ја соборат нејзината маќеа.

Принцот го наоѓа својот пат до палатата. Кралицата дознава дека тој потекнува од богато кралство, прави заговор за да се омажи за него и да може да си ги реши финансиските проблеми. Таа приредува бал во негова чест и се труди да се направи себеси најубава што може за да му се допадне него. Снежана била таму и присуствува на балот планирајќи да го праша принцот дали може и помогне за го спасат кралството. Додека Снежана и принцот танцуваат ја дознаваат вистината еден за друг. Поразен, принцот Алкот се осигурува дали Снежана останува од негова страна, а Кралицата тоа го забележува. Кралицата ја трга Снежана со помош на нејзините чувари, Снежана за првпат стои пред Кралицата и ѝ кажува дека таа нема право да го прави тоа и да управува со нејзиниот живот. Кралицата сметајќи ја отсекогаш како закана Снежана, му наредува на нејзиниот прислужник Брајтон (Натан Лејн), да ја однесе принцезата во шумата и да го нахрани Ѕверот што живее таму. Брајтон ја носи Снежана во шумата, но не може да ја убие. Тој ја ослободува и ја тера да избега. Снежана бега од Ѕверот (Френк Велкер) и паѓа пред вратата на куќата од седумте џуџиња.

Кралицата оди кај своето волшебно огледало, во мрачно и пуст свет полн со волшебни огледала. Во огледалата живее одраз на Кралицата кој е многу попаметен, подетски, и нешто помлад од неа. Таа и дава совети на Кралицата кога таа ќе побара. Кралицата бара љубовна напивка за да го натера принцот да се вљуби во неа. Огледалото ја предупредува дека треба да се плати одредена цена за да се направи магијата, но таа одбива да слуша. Во шумата пак Снежана се буди од спиење и околу себе е опкружена со џуџиња: Грим, Касапот, Волф, Наполеон Пинт, Граб и Чук наречен Смешко, затоа што постојано се смее. По повеќе разговори тие решаваат да и дозволат на Снежана да преспие кај нив уште една ноќ. Кралицата има наметнува нов данок на луѓето и го испраќа Брајтон да го собере, тој добива информација од градскиот судија дека луѓето не можат повеќе тоа да го трпат. На пат кон палатата, џуџињата го среќаваат Брајтон и му ги крадат парите од даноците. Кога Снежана ќе дознае дека џуџињата се крадци и дека парите припаѓаат на нејзините граѓани се налутува. Џуџињата објаснуваат дека никој не застанал зад нив со години и дека Кралицата ги избркала од кралството бидејќи биле грди, па така тие не чувствуваат вина за нивното крадење. Снежана бега, а џуџињата се растрчуваат да ги вратат парите назад. Граѓаните се пресреќни дека ги добиваат своите пари назад. Снежана во знак на благодарност им дозволува на џуџињата да земат кредит. Па така џуџињата се согласуваат дека Снежана може да остане засекогаш со нив само доколку се согласи да стане крадец како нив. Таа се согласува но само под еден услов, доколку тие крадат од Кралицата и парите им ги даваат на луѓето. Во меѓувреме Кралицата го известува Алкот дека Снежана е мртва, и додека се обидува да го убеди Принцот да се ожени за неа, Брајтон ја прекинува. Кога Принцот дознава дека бандити го ограбиле, тој оди по нив без да знае за лошите работи што ги направила Кралицата. Во шумата Алкот не само што открива дека Снежана не е мртва, туку и дека таа е во сојуз со разбојниците. Секој од нив верува дека другиот е виновен. Тој се враќа во палатата и ја известува Кралицата дека Снежана е жива и е во сојуз со разбојниците што ги украдоа нејзините пари. Кралицата се консултира со нејзиното огледало и бара од него да го казни Брајтон бидејќи ја лажел. Таа го претворува во тавтабита, исто така Кралицата бара од огледалото да ја убие Снежана. И покрај предупредувањето за последиците од користењето на магијата на огледалото, Кралицата заслепена од омраза се согласува без разлика на последиците од нејзините постапки. Таа употребува љубовна напивка за да се вљуби Принцот во неа, исто како што направила со татко и на Снежана (таа употребува напивка наречена „љубовно кутре“ која предизвикува принцот да се однесува како верно кутре). Иако ефектите не беа точни, таа успева да искористи да го натера принцот да и се посвети и да се согласи да се ожени со неа. Кога Снежана дознава за свадбата таа се разочарува. Кралицата потоа употребува црна магија за да се создадат две џиновски дрвени кукли и во шумата којшто ќе ги користи за да ја убијат Снежана и седумте џуџиња, Снежана е спремна да ги пресече конците на куклите и да се скрши магијата на огледалото, но таа одлучува да побегне за да ги заштити нејзините нови пријатели. Следното утро џуџињата гледаат дека таа заминала и им оставиал писмо во кое пишувало дека ги сака сите. Тие ја пресретнуваат пред да замине и ја убедуваат дека нивните животи се подобриле откако таа дошла.

Тие одлучуваат да ја спречат свадбата помеѓу Кралицата и Принцот, во што и успеваат. Кралицата кога ќе пристигне на свадбата не го наоѓа Принцот, туку само гостите во долна облека, нивната облека и скапоцености се ограбени. Гостите ја известуваат дека Снежана го уловила Принцот. Во шумата, Принцот (сѐ уште под магија) сака да биде со Кралицата. Џуџињата и Снежана донесуваат заклучок дека треба да се употреби вистински љубовен бакнеж кој ќе ја прекине магијата. Снежана за првпат го бакнува Алкот и ја прекинува магијата. Кралицата доаѓа во шумата со намера да ја убие Снежана. Таа открива дека може да го контролира ѕверот што владее со шумата, и го праќа по Снежана. Снежана со помош на џуџињата и Принцот се бори против Ѕверот, но набрзо сите се поразени. Ѕверот сака да го избегне неговото убиство, Снежана забележува дека носи ланче во вид на месечина сличен на она од Кралицата. Таа со помош на нож го сече и во светлината се појавуваат и ѕверот и таткото на Снежана. Во куќата, Кралицата гледајќи се во огледало сфаќа дека нешто не е во ред. Таа почнува да старее, огледалото ѝ кажува дека тоа е како последица од користењето на црната магија. На крајот излегува дека Ѕверот бил всушност татко ѝ на Снежана, кој не се сеќава на последните десет години. Во знак на благодарност на Алкот за помошта, тој му дозволува да се ожени со Снежана.

За време на свадбената прослава, вештерка со качулка на главата и нуди јаболко на Снежана како свадбен подарок. Дознавајќи дека вештерката е всушност Кралицата, Снежана сече парче од јаболкото и ѝ го дава на Кралицата (додавајќи дека треба да прифати дека е поразена). Прифајќаќи го поразот Кралицата го јаде јаболкото. Куќата со огледала ја уништуваат целосно, Огледалото на Кралицата кажува дека тоа била приказната за Снежана.

Епилогот на филмот открива што се случило со џуџињата. Браќата Грим ја пишуваат книгата со бајки, Наполеон станува фризер, Half-Pint наоѓа девојка, Граб само јаде, Бачерс станува шампион во летање, а Чал се приклучува во кралскиот циркус.

Глумци[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Лили Колинс Снежана
Џулија Робертс Кралицата
Арми Хамер Принц Алкот
Нејтан Лејн Брајтон
Мер Винингам пекарката Маргарет
Мајкл Лернер Баронот
Шон Бин Кралот
Лиза Робертс Жилан Огледалото на Кралицата
Роберт Емс Чарлс Ренбок
Френк Велкер гласот на Ѕверот
Џуџињата
Глумци Ликови
Дени Вудбурн Грим
Мартин Клеба Бачер
Себастијан Сарачено Волф
Јордан Прентис Наполеон
Марк Повинели Халф Пинт
Џој Гнофо Граб
Роналд Ли Кларк Чаклес

Кастинг[уреди | уреди извор]

Џулија Роберт прва се појавила на кастингот, бидејќи Тарзем Синг претходно барал лоша Кралица. Тој истакнал дека во филмот Кралицата не е злото туку е несигурноста. Исто така откри дека вистинската грдост на Кралицата може да биде откриена на крајот од филмот.

Првично С. Ронан беше предвидена во улогата на Снежана, но разликата во годините меѓу неа и Арми Хамер беше премногу голема (тој имаше 25, а таа само 17 години). На Фелисити Џонс и беше понудена улога но ја одби. Колинс во едно интервју изјави дека нејзиниот кастинг се случил после 24 часа по запознавањто со Тарзем Синг. Хамер го глумеше Принцот, кој прво беше наклонет кон Кралицата а потоа кон Снежана. Тој за улогата ги победи Џејмс МекКои и Алекс Петифајер.[2]

Продукција[уреди | уреди извор]

Снимањето на филмот „Огледало, огледало“ започна на 20 јуни 2011 година во Монтреал, Квебек, под работен наслов „Проект Снежана“.[3] Продукцијата на филмот заврши во средината на септември. На 4 ноември 2011 година, официјално филмот е насловен „Огледало огледало“. Првиот трејлер беше објавен на 30 ноември 2011 година во партнерство со Relativity Media и Trailer Park. Истиот ден беше објавен постер. „Огледало, огледало“ беше последниот филм во кој Тарзем е костимограф, Еико Ишиока работела пред нејзината смрт. Визуелните ефекти се направени од Вејн Бринтон, Тим Карас, Себастиен Моро и Аманда Дајер.[4]

Relativity Media објави дека целосната сума за филмот е 85.000.000 $, иако во една статија во Лос Анџелес Тајмс изјави дека вистинскиот буџет бил близу 100 милиони долари.[5]

Премиера[уреди | уреди извор]

На 30 март 2012 година филмот беше објавен во театрите. Првично филмот беше закажан да биде објавен на 16 март 2012, но беше одложен за 26 јануари.[6] Претходната премиера беше планирана за 29 јуни, но филмот беше презакажан двапати, за конечно да биде објавен на 30 март.

Благајни[уреди | уреди извор]

На денот на објавувањто „Огледало, огледало“ со заработка од 5.800.000 $, се најде на трето место зад The Hunger Games и „Гневот на титаните“.[7] За викендот заработи 18.100.000 $ задржувајќи го своето трето место. На 9 август „Огледало, огледало“ заработи 64.932.375 $ во Северна Америка и 97.900.000 $ на меѓународно ниво, со што неговата севкупна заработувачка достигна 162.832.375 $.

Критички прием[уреди | уреди извор]

Општо земено, филмот добил мешани критики. Извештајот на Rotten Tomatoes објави дека филмот има рејтинг од 49% со просечна оценка од 5.5/10 врз основа на 163 коментари од критичарите. Општиот консензус на мрежното место е дека „Како и повеќето филмови на Тарзем Синг, филмот Огледало, огледало е несомнено убав, третманот на прастарата приказна за Снежана нема доволно длабочина или оригиналност за да се разликува од другите преработки на приказната. Метакритик спред рејтингот од 100 осврти од филмски критичари, има просечна оценка 46 од 36 прегледувања, што укажува на „измешана или просечна критика“.[8]

Роби Колин од британскиот весник Телеграф, на филмот му даде четири ѕвезди „како шармантна бајка која и должи многу на илустраторната приказна на Артур Раклем презаситувачко лудило на полу – љубов, источно германска фантазија, пеењето на дрвото, тоа е еден дел од работата на Грим но далеку од анимираната верзија на Дизни која зрачи со убавина и добар хумор. Колин ја пофали работата на костимографот Еико Ишока, велејќи дека секој инвентар во огледало огледало е ремек дело. Тој заклучува дека филмот е спротивно на Порој, Тима Бартон е хаотичен, популарната Алиса во земјата на чудата. Тука уметноста на аматерската екипа и членовите на екипажот скокаат на екранот, а не 3Д компјутерска графика“.[9]

Домашно кино[уреди | уреди извор]

Огледало огледало беше објавен на ДВД на 26 јуни 2012 година.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Mirror Mirror (2012)“. Box Office Mojo. Посетено на 15 мај 2012.
  2. Mirror Mirror (2012) – Trivia – IMDb
  3. „Relativity starts shooting its 'Snow White' on Monday“. Orlando Sentinel. 15 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 2011-08-18. Посетено на 2 април 2012.
  4. „Full Cast and Crew for Mirror, Mirror“. IMDb. Посетено на 18 април 2012.
  5. Kaufman, Amy (2012-03-29). „Movie Projector: 'The Hunger Games' to dominate box office – again“. Los Angeles Times. latimesblogs.latimes.com. Посетено на 30 март 2012.
  6. Beard, Lanford. 'Mirror Mirror' release delayed two weeks as new trailer hits the Internet“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2012-01-29. Посетено на 29 март 2012.
  7. Subers, Ray (31 март 2012). „Friday Report: 'Hunger Games' Easily Tops 'Wrath,' 'Mirror'. Box Office Mojo. Посетено на 2 април 2012.
  8. „Mirror Mirror“. Metacritic. CNET Networks. Посетено на 30 март 2012.
  9. Collin, Robbie (30 март 2012). „Mirror, Mirror – review“. Daily Telegraph. Посетено на 30 март 2012.
  10. „Mirror Mirror @ ETA“. Архивирано од изворникот на 2013-02-05. Посетено на 2013-04-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]